Virtual Macedonia Forums  

Go Back   Virtual Macedonia Forums > Macedonia > News and Political talks > Macedonian Daily News

Share This Forum!  
  

Reply
 
Thread Tools Search this Thread
Old 27-10-2010, 00:56   #1 (permalink) Top
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
barba's Avatar
 
Join Date: Oct 2006
Location: Skopje
Возраст: 40
Sign: Scorpio
Posts: 10,141
Agreed: 121
Agreed 47 Times in 46 Posts
Default СЕ РАБОТИ ТУРБО НА "АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ" И НА "СВ. АПОСТОЛ ПАВЛЕ"

ТАВ ќе ни долета нискобуџетски авиокомпании


Од владиниот Кабинет уверуваат дека турскиот концесионер неодамна ги обезбедил и потребните пари за завршување на планираните инвестиции на аеродромите на кои треба да дојдат нови авиокомпании


Турски ТАВ - концесионерот на двата македонски аеродрома работи турбо и ако продолжи со тоа темпо, ќе ги запази роковите за реализација на инвестициите на скопскиот аеродром "Александар Велики" и на охридскиот "Св. Апостол Павле", а тоа е 20 октомври 2011 година. Ова уверување го искажа министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески на неделната отворена владина седница кој рече дека во најголем дел изведбените активности на двата аеродрома се реализираат според предвидената динамика, што даваат гаранции дека и ќе финишираат според најавите дадени од страна на челниците на ТАВ Холдингот.

Владиниот Кабинет беше информиран дека турскиот концесионер неодамна ги обезбедил и потребните пари за завршување на планираните инвестиции со кои ќе се направи реконструкција и модернизација на македонските аеродроми. Исто така, од ТАВ најавиле дека со зимскиот ред на летање кој стартува од 30 октомври, ќе дојдат и нови авиокомпании, кои ќе отворат нови авиодестинации, при што, на почетокот на идната година се очекува да пристигнат и некои нискотарифни авиокомпании кои инаку биле заинтересирани за летови на Охридскиот аеродром. Се очекува тие конечно да понудат евтини авиобилети за македонските патници.

Неодамна ТАВ ги презентираше своите изведбени активности на Скопскиот аеродром, каде, како што беше најавено, веќе до март следната година ќе заврши административната и противпожарната зграда. До 20 октомври 2011 година треба да биде пуштена во употреба и новата двокатна терминална зграда, која ќе биде со вкупна површина од 40.100 квадратни метри, ќе има 23 шалтери за чекирање на билетите, а ќе има шест директни мостови за влез во авионите. Исто така, во договор со Владата се работи и на новото сообраќајно решение, со кое аеродромот ќе се поврзе со автопатот.

На "Св. Апостол Павле" моментално се работи на проширување на паркинг-просторот за моторни возила, а се гради и ВИП-објект помеѓу административната зграда и терминалот. Модернизацијата на Охридскиот аеродром опфаќа и реконструкција на пристанишната платформа каде се паркираат авионите, а во тек е и преуредување на административната зграда.
Инаку, Министерството за транспорт и врски ја ангажираше холандската консултантска компанија "Нако" за да контролира дали ТАВ ги реконструира македонските аеродроми според договореното. "Нако" ќе добие 60,5 милиони денари за консултантски услуги за начинот на реализација на концесискиот договор за аеродромите во Скопје и во Охрид.

Светлана БЛАЖЕВСКА
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba is offline   Reply With Quote
Reply

Bookmarks

Thread Tools Search this Thread
Search this Thread:

Advanced Search

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Trackbacks are Off
Pingbacks are Off
Refbacks are Off



All times are GMT +2. The time now is 21:15.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51