Virtual Macedonia Forums  

Go Back   Virtual Macedonia Forums > Macedonia > News and Political talks > Macedonian Daily News

Share This Forum!  
  

Reply
 
Thread Tools Search this Thread
Old 10-12-2010, 02:00   #1 (permalink) Top
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
barba's Avatar
 
Join Date: Oct 2006
Location: Skopje
Возраст: 40
Sign: Scorpio
Posts: 10,141
Agreed: 121
Agreed 47 Times in 46 Posts
Default Премиерот Бучковски барал да не им се суди на УЧК во Македонија

ВИКИЛИКС ОБЈАВИ РАЗГОВОРИ НА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР СО АМБАСАДОРКАТА МИЛОВАНОВИЌ ОД 2006 ГОДИНА


МЕГА СКАНДАЛ: Премиерот Бучковски барал да не им се суди на УЧК во Македонија


Бучковски инсистирал јавниот обвинител Прчевски да бара само вербални ветувања за одложување на враќањето, затоа што се плашел дека било каков пишан документ би можел да биде злоупотребен од тогашната опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ за напади врз Владата. Ова е најдиректен пример во македонската историја кога извршна власт (премиер) суспендира судска власт заради свои партиски потреби


Поранешниот македонски премиер Владо Бучковски лично се залагал кај Трибуналот во Хаг за одлагање на враќањето на четирите случаи со наводи за воени злосторства од конфликтот во 2001 година. Ова го покажуваат тајните депеши на Американската амбасада во Скопје испратени до централата во Вашингтон, што ги објави Викиликс. Поранешниот јавен обвинител Александар Прчевски кон крајот на февруари 2006-та имал закажано средба со високи претставници на Хашкото обвинителство на која требало да бара ново одложување на враќањето на четирите досиеја, за кои Трибуналот одлучи да не поведува постапка. Бучковски на Миловановиќ и соопштил дека инсистирал Прчевски да бара само вербални ветувања за одложување на враќањето, затоа што се плашел дека било каков пишан документ би можел да биде злоупотребен од тогашната опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ за напади врз Владата дека е премногу мека кон Албанците.

Во продолжение на белешката е наведен коментар на американските претставници кои велат дека тврдењата на Бучковски се во спротивност со претходно изнесените ставови на тогашната министерка за надворешни работи Илинка Митрева. Од тоа, Амбасадата на САД во Скопје заклучила дека во Владата постои недоволна координација меѓу Бучковски и Митрева и тогашниот шеф на државата Бранко Црвенковски. Притоа се забележува дека Бучковски на локалните медиуми им изјавил дека враќањето на четирите случаи од Хаг треба да причека до завршувањето на правосудните реформи во земјата, до крајот на годината.

Дојче веле објави дека на работната вечера на поранешната амбасадорка Џилијан Миловановиќ со експремиерот Бучковски, тој се обврзал дека Владата ќе молчи во однос на случајот "Калид Ел Масри" и покрај барањата на Советот на Европа и на претставници на ЕУ.
"На Бучковски му олесна кога слушна од амбасадорката дека ни САД нема да го менуваат курсот по ова прашање, и дека ќе продолжат да одбиваат да зборуваат јавно за него", стои во депешата. Бучковски побарал од амбасадорката за ова прашање да се консултира и со Германската амбасада во Скопје, затоа што Германците вршеле притисок врз Македонија да биде поотворена на оваа тема, но Миловановиќ одбила.
Според најавите, се очекува на Викиликс да се појават најмалку 500 депеши испратени од Американската амбасада во Скопје.

Велија проблем и за влез во НАТО
Меѓу документите што Амбасадата на САД ги испратила во Вашингтон е и класифицирана информација за подготовките на Македонија за членство во НАТО.
"За да се смета за силен кандидат за членство во НАТО и да добие покана во 2008 година, Македонија треба да исполни неколку клучни критериуми, меѓу кои, зајакнување на демократијата и владеење на правото и борбата против корупцијата", стои во документот.
Во делот на борбата против корупцијата се посочува на Извештајот на Транспаренси интернешенл од 2005 во кој Македонија бележи пад од 104. на 159. место. Во документ испратен до Стејт департментот се порачува дека за да ја зацврсти својата кандидатура за НАТО, неопходно е земјата да ја зголеми и ефикасноста на судскиот систем.

Како забелешка е посочена можноста на одбраната во граѓанските спорови преку жалбени процедури да се одолговлекуваат постапките, што ги спечуваат македонските судови да донесат конечни пресуди. Како пример се наведува неможноста да му се наложи на сопственикот на ТВ А1 да ги врати долговите на американскиот Фонд за развој на медиуми.
Во делот на безбедноста и разузнавањето се оценува дека трите разузнавачки агенции Агенцијата за разузнавање, Военото разузнавање и Дирекција за безбедност и контраразузнавање, кои директно одговараат на различни субјекти - претседател на држава, Министерство за одбрана и МВР, тесно не соработуваат и не се реформирани.



#
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba is offline   Reply With Quote
Reply

Bookmarks

Thread Tools Search this Thread
Search this Thread:

Advanced Search

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Trackbacks are Off
Pingbacks are Off
Refbacks are Off


Similar Threads
Thread Thread Starter Forum Replies Last Post
Кои беа партизаните во Македонија gorcevski News and Political talks 146 19-01-2008 20:53
Крсте Мисирков MakOhrid Macedonian History 6 22-07-2007 00:13
Најголемите лаги на бугарската пропаганда Makedon Macedonian History 5 21-04-2007 14:43
Историски лекции by Македон Makedon Macedonian History 1 21-04-2007 07:15
Drzavjanstvo The_Crow Law 1 17-05-2006 05:08


All times are GMT +2. The time now is 09:02.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51