Virtual Macedonia Forums  

Go Back   Virtual Macedonia Forums > Macedonia > News and Political talks > Macedonian Daily News

Share This Forum!  
  

Reply
 
Thread Tools Search this Thread
Old 06-11-2010, 01:47   #1 (permalink) Top
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
barba's Avatar
 
Join Date: Oct 2006
Location: Skopje
Возраст: 40
Sign: Scorpio
Posts: 10,141
Agreed: 121
Agreed 47 Times in 46 Posts
Default Култура им ја растури аферата на СДСМ за само три дена!

Министерството за култура ја стави на увид целокупната документација за проектот и го покани Ивановски да изврши увид со експерт кој самиот ќе го избере. Документите кои недостасуваат во Министерството се однесуваат на постапки за кои не биле склучени договори и кои немаат финансиски импликации. Против Игор Ивановски се поднесени две кривични пријави

Click the image to open in full size.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вчера до Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против Игор Ивановски од СДСМ, член на највисоките партиски органи и пратеник од оваа партија. Канческа-Милевска ја поднела пријавата поради нарушување на нејзиниот и угледот на Министерството.

Министерката ги негираше тврдењата на Ивановски кој претходните неколку дена излезе со обвинувања дека во Министерството за култура исчезнал дел од документацијата за проектот "Скопје 2014". Ивановски тврдеше дека во аферата, како што ја нарече "Патриотска метла" недостасува документација за проекти вредни осум милиони евра.

За ова министерката ќе бара и оштета, но не прецизираше колкава, а од пратеникот на СДСМ, како што рече ќе побара да му се извини на народот за невистините и манипулирањето со милионски суми.

Според Канческа-Милевска од Министерството снемало 14 документи за постапки за кои не биле склучени договори и кои немаат финансиски импликации. Дел од нив биле склучени кога таа не била министер. Само еден од документите се однесува на проектот "Скопје 2014", односно на ентериерно уредување на музејот на ВМРО, но и тој се однесувал на поништена постапка. Недостасува дел од документацијата за конкурси за идејно решение за нобеловци и за идејно ликовно решение.

За ова уште во јули Министерството за култура го информирало Министерството за внатрешни работи кое води постапка за случајот. Одговорност ќе биде побарана и од дел од вработените во Министерството за култура.

Министерството за култура ја дава на увид целокупната документација за проектите за кои е инвеститор и го покани Ивановски да ја провери заедно со експерт што тој ќе го одбере.
-Тоа се класични лаги и невистини. Постои голема разлика од она на што се повикува Ивановски дека е исчезнат дел од документацијата за проектот за восочни фигури во музејот на ВМРО. Целокупната документација за склучени договори за музејскиот комплекс е овде. Одговорно тврдам дека во Министерството за култура се почитуваат законите. Сите постапки се спроведени јавно и транспарентно и сите проекти за кои Министерството е инвеститор се објавени на веб-страницата на Бирото за јавни набавки. Законот предвидува документите да се чуваат две години од склучувањето на договорот. Во овие случаи не се склучени договори, рече Канческа-Милевска на прес-конференцијата во Министерството.

На прес-конференцијата, од Министерството, во кутии ја прикажаа целата документација за проектите кои тие ги финансираа како што се Стариот театар, Музејот на македонската револуционерна борба, Македонска филхармонија и Триумфална порта. По ова со реакција се јави и Ивановски. Тој на прес-конференција ги негираше тврдењата на Канческа-Милевска и излезе со, како што рече, нови сознанија кои ги потврдуваат нивните тврдења. Обвини и дека биле склучувани спогодби во четири очи.
-Кој Ви дава право со таква ароганција да тврдите дека нема ништо спорно затоа што се работело за документи од поништени тендери. На јавноста и е многу добро познато дека еден од методите за криминал и корупција и местење на тендерите претставува нивното поништување. Вообичаена пракса за оваа власт е по поништувањето на тендерите да следи склучување на непосредна спогодба во четири очи со однапред познат изведувач, рече Ивановски.

По ваквите обвинувања Министерството најави уште една кривична пријава против пратеникот на СДСМ. Оттаму сметаат дека со тоа што не извршил увид во документацијата тој уште еднаш ги потврдил лагите кои ги изнел во јавност.

(Г.Ма)


#
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba is offline   Reply With Quote
Reply

Bookmarks

Thread Tools Search this Thread
Search this Thread:

Advanced Search

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Trackbacks are Off
Pingbacks are Off
Refbacks are Off


Similar Threads
Thread Thread Starter Forum Replies Last Post
Балканска крчма Jakov Macedonian History 135 12-03-2010 22:04
Три манастири barba Religion and Mythology 0 16-01-2010 17:49
SVETA TROICA. stepo Religion and Mythology 6 15-11-2009 15:27
Крсте Мисирков MakOhrid Macedonian History 6 22-07-2007 00:13
Историски лекции by Македон Makedon Macedonian History 1 21-04-2007 07:15


All times are GMT +2. The time now is 11:59.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51