Virtual Macedonia Forums  

Go Back   Virtual Macedonia Forums > Macedonia > News and Political talks > Macedonian Daily News

Share This Forum!  
  

Reply
 
Thread Tools Search this Thread
Old 08-09-2010, 11:25   #1 (permalink) Top
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
barba's Avatar
 
Join Date: Oct 2006
Location: Skopje
Возраст: 40
Sign: Scorpio
Posts: 10,141
Agreed: 121
Agreed 47 Times in 46 Posts
Default Камен темелник на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник

Click the image to open in full size.

Камен темелникот за изградба на „Свети Климентовиот универзитет“, еден од најстарите универзитети на Балканот и Европа, ќе биде поставен денеска на Плаошник.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман, вели дека возобновата подразбира изградба на повеќенаменски комплекс од универзитети и школи во спомен на Свети Климент и неговото дело.

Во новиот објект предвидено е да бидат лоцирани „Институтот за хуманистички науки“, да се отвори „Свети Климентова конзерваторска школа“, која ќе функционира на ниво на постдипломски студии. Во новиот комплекс предвидено е да се пресели и „Богословскиот факултет“ и „Галеријата на икони“. Тука ќе бидат отворени и „Музејот на Плаошник“, „Музејот на словенската писменост“, „Свети Климентовата библиотека“. Во источниот дел на Плаошник, ќе биде изграден „Монашки центар“ и „Владичка Резиденција“.

Во западниот дел на Плаошник, во близина на боровата шума, ќе бидат изградени објекти за повеќе странски оддели на престижни Универзитети, како што се „Колумбија Универзитетот“, „Болоња“ и неколку други.

Во самата борова шума ќе биде уредена и „Свети Климентовата градина“, по светски стандарди.

„Очекуваме до крајот на 2012 година, да биде изграден карабинскиот дел од Свети Климентовиот универзитет, а до 2014 година, да започне со работа целиот комплекс. Со возобновата на „Свети Климентовиот универзитет“, ние го спојуваме неговото време со 21 век, односно го спојуваме духовното, сакралното со световното, затоа што на ист простор имаме такви нешта. Со ова си даваме нов импулс за понатамошни дострели и вредности во образованието, културата и науката“ изјави Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

На свечениот чин ќе присуствува речиси целиот државен врв, предводен од премиерот Никола Груевски. Церемонијата за поставување камен темелник, ќе ја води Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со владиците Тимотеј и Агатангел.

Проектното решение за возобнова на Свети Климентовиот Универзитет е на проектантската група „Идеја плус“ и Н.У. Завод и музеј Охрид, а целиот проект чини околу девет милиони евра. /крај/и.и.
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba is offline   Reply With Quote
Reply

Bookmarks

Thread Tools Search this Thread
Search this Thread:

Advanced Search

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Trackbacks are Off
Pingbacks are Off
Refbacks are Off


Similar Threads
Thread Thread Starter Forum Replies Last Post
Проф. Ратомир Гроздановски- Светиклиментовиот приод кон светат Библија barba Religion and Mythology 2 23-06-2010 15:51
SVETA TROICA. stepo Religion and Mythology 6 15-11-2009 15:27
ПРАВОСЛАВЕН МОЛИТВЕНИК prota_m Religion and Mythology 62 17-09-2009 13:30


All times are GMT +2. The time now is 03:42.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51