Virtual Macedonia Forums  

Go Back   Virtual Macedonia Forums > Macedonia > News and Political talks > Macedonian Daily News

Share This Forum!  
  

Reply
 
Thread Tools Search this Thread
Old 14-12-2010, 17:06   #1 (permalink) Top
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
barba's Avatar
 
Join Date: Oct 2006
Location: Skopje
Возраст: 40
Sign: Scorpio
Posts: 10,141
Agreed: 121
Agreed 47 Times in 46 Posts
Default Газдата на „Платина инженеринг“ уапсен во Аргентина

Quote:
Газдата на „Платина инженеринг“ уапсен во Аргентина
Газдата на „Платина инженеринг“ Рокан Атанасоски е во екстрадиционен притвор во Аргентина и се чека одлука за негово испорачување во Македонија, дознава Канал 5.

Аргентинската полиција го уапсила и ги известила македонските надлежни кои распишаа меѓународна потерница против него и неговата сопруга Марија пред речиси четири години во време кога изби градежната афера „Платина“ во која беа измамени голем број граѓани кои платиле уплатиле станови.

Неговата сопруга се уште не е пронајдена, но се претпоставува дека и таа е во Аргентина. Македонските судови ги чекаат Атанасоски со дебело досие, две правосилни пресуди и уште седум судски предмети за перење пари, измами, даночни затајувања злоупотреби на службена положба.

Во отсуство се веќе осудени на 8 и 7 години затвор, а треба да и вратат половина милион евра на Комерцијална банка. Според обвинението Рокан ја поттикнал сопругата која била вработена во банката, се товари дека со фалсификат документи успеала да направи криминални трансакции.

За провизија од 30 илјади евра им помогнал Пеце Дамевски познат Асиба кој ги подигнал парите во Словенија. Дамевски беше осуден на 5 години затвор и ја одлежува казната.

Процедурата за екстрадиција е во тек. Македонските власти им ги испраќаат сите документи на аргентинските. Но, како што дознава Канал5, Атанасовски има аргентинска лична карта. Се уште е непознато дали успеал да стекне и државјанство.

Личната карта може да значи дека Атанасоски е само резидент за што процедурата за екстрадиција ќе оди полесно доколку македонските власти докажат дека го бараат за кривичен прогон.

Но, доколку успеал да добие државјанство тогаш неговата позиција таму е бетонирана, велат познавачите на македонско- аргентинските односи за Канал 5.

Друга околност која ја забавува процедурата е тоа што најблиската македонска амбасада до Буенос Аирес е дури во Вашингтон.
Podsetnik:
Пеце Дамевски: Пеце Асиба (eden od najbliskite sorabotnici na Branko Crvenkovski)
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba is offline   Reply With Quote
Reply

Bookmarks

Thread Tools Search this Thread
Search this Thread:

Advanced Search

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Trackbacks are Off
Pingbacks are Off
Refbacks are Off



All times are GMT +2. The time now is 03:41.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51