Virtual Macedonia Forums  

Go Back   Virtual Macedonia Forums > Macedonia > Macedonian History > 19-20th century

Share This Forum!  
  

Reply
 
Thread Tools Search this Thread
Old 24-03-2018, 20:58   #26 (permalink) Top
admin

 
slasa's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,578
Agreed: 73
Agreed 34 Times in 32 Posts
Default

Атанас Шабанов - Тешовалијата


Click the image to open in full size.
Роден е во 1865 година во с. Тешово, Неврокопско. Учествува во Кресненско-Разлошкото востание (1878-1879). Во 1897 година станува комита во Пирин во четите на војводите на Дончо Златков и Кочо Муструк. Во летото 1899 во село Горно Броди се среќава со Гоце Делчев. Во 1901 година бил назначен за војвода на Неврокопскиот реон. За време на Илинденското востание е активен во борбата против турскиот аскер. Тој е еден од најверните соборци на Јане Сандански.

По Илинденското востание останал во родниот крај и ја продолжил борбата против турските разбојнички банди, грчките андартски чети и разните народни предавници.

На 25 мај 1905 година, при една обиколка на својот реон, кај врвот Али-Ботуш (Пирин Планина), биле опколени од турска потера и во огорчена борба која траела цел ден загинал војводата заедно со повеќе свои четници.
slasa is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 21:23   #27 (permalink) Top
admin

 
slasa's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,578
Agreed: 73
Agreed 34 Times in 32 Posts
Default

Блаже Крстев - Биринчето
Click the image to open in full size.

Роден е во с. Бирино, Крушевско, во 1873 година. Рано се вклучил во редовите на ТМОРО, најнапред како основач, организатор и водач на Организацијата во селото а по убивството на крвникот Расим како четник во четата на војводата Ѓурчин Наумов. Непосредно пред Илинденското востание формирал своја месна чета со четници од неговиот крај обиколувајќи ги селата во Крушевскиот реон.

За време на Илинденското востание, на 2 август, заедно со четата на И.Н.Алабакот ја нападнал и освоил Крушевската касарна. По освојувањето на градот со својата чета се борел заедно со четите под раководство на П.Гули.

По Востанието продолжил да дејствува како околиски војвода во Демирхисарскиот и Крушевскиот реон. Кон крајот на 1904 година се вклучил во четата на И.Н.Алабакот и заедно заминале во Велешко да се борат против четите на Српскиот четнички покрет.

Загинал на 31 мај 1911 година во борба со турскиот аскер кај селото Журче, Демирхисарско.
slasa is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 21:24   #28 (permalink) Top
admin

 
slasa's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,578
Agreed: 73
Agreed 34 Times in 32 Posts
Default

Бојан Панајотов

Click the image to open in full size.

Роден е во Битола во 1883 година. Познат битолски револуционер – терорист. Како четник и терорист, по задача, се справил со повеќе гркомани во градот.

Во 1906 година добил задача да го убие србоманот Коста Начов од Ресен. Тој ја извршил задачата сред бел ден. Но, истиот момент бил опколен од Турците. За да не им падне жив во рацете, Бојан извршил самоубиство.
slasa is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 21:27   #29 (permalink) Top
admin

 
slasa's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,578
Agreed: 73
Agreed 34 Times in 32 Posts
Default

Борис (Стојанов) Дрангов

Click the image to open in full size.

Роден е на 3 март 1872 година во Скопје. Завршил педагошко училиште во родниот град, а потоа и воено училиште во Софија.

За време на Илинденското востание ја напуштил офицерската должност и заминува во Македонија заедно со други офицери, каде собира своја чета од 120 луѓе.

По востанието заминал во Санк Петербург, каде го продолжил военото образование и завршил воена академија.

Како полковник во бугарската армија учествувал во Балканските и Првата светска војна.
Загинал на 26 мај 1917 година, како командир на 9-тиот пешадиски полк, во борбите на Македонскиот фронт, кај реката Црна, Битолско.
slasa is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 21:30   #30 (permalink) Top
admin

 
slasa's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,578
Agreed: 73
Agreed 34 Times in 32 Posts
Default

Борис Сугарев

Click the image to open in full size.

Роден е во Прилеп на 12 март 1878 година. Гимназија учел во родниот град и во Солун, а воено училиште завршил во Софија, а во 1900 година добива чин потпоручник.

Во 1902 година учествува во Горноџумајското востание. Пролетта 1903 година заминал за Македонија, заедно со четата на Софрониј Стојанов, а потоа е командир на оделение во четата на А.Протогеров.

За време на Илинденското востание дејствува во Серскиот револуционерен округ.

Загинал во една борба со турска потера, кај горноџумајското село Габрово на 28 април 1903 година.
slasa is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 21:33   #31 (permalink) Top
admin

 
slasa's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,578
Agreed: 73
Agreed 34 Times in 32 Posts
Default

Ванчо Србаков

Click the image to open in full size.

Роден е во с.Вранештица, Кичевско. На млади години заминал во Бугарија и таму работел како фурнаџија. Во април 1903 година во Софија вооружува своја чета со која заминува во Македонија, во Кичевско.

На Смилевскиот конгрес е избран за член на Кичевското раководно тело.

Зел активно учество во Илинденското востание. Заедно со четите на Лука Џеров, А.Мицков, Србакот учествувал во нападот на Кичево.

По Востанието се повлекува во Софија. Пак се враќа во Македонија со четата на Г.Попхристов, каде останува во Кичевско.

Загинал на 24 април 1905 година во една борба со турскиот аскер кај селото Цер, Кичевско, заедно со војводата Христо Узунов.
slasa is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 21:34   #32 (permalink) Top
admin

 
slasa's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,578
Agreed: 73
Agreed 34 Times in 32 Posts
Default

Васил Стојанов - Аџаларски

Click the image to open in full size.

Роден е во с.Аџалари (денешно Миладиновци), Скопско на 24 декември 1880 година. Во 1901 година со семејството се преселуваат во Скопје. Влегува во редовите на ВМОРО и извршува повеќе задачи – пренесува пиошта, криеи набавува оружје и извршува терористички акции. Истата година е уапсен и одлежува 2 години во скопскиот затвор Куршумли ан. По амнестијата е ослободен.

Повеќе години бил околиски војвода во Скопската околија. Имал повеќе борбени судири со турскиот аскер. Особена храброст пројавил во зимата 1904 година, во еден судир со турскиот аскер кај селото Ибраимово, Скопско. Имено, опкружен од аскерот, В.Аџаларски со атакување и фрлање бомби успеал заедно со другарите да се извлече, пробивајќи го обрачот.

Во февруари 1907 година го запалува анот во селото Сопиште, кој служел како база на српските чети при преминувањето за Поречието. До Младотурската револуција е реонски војвода на Скопскиот реон и дејствува со чета од 18 души.

По Младотурската револуција во 1908 година се легализира.

Загинал на 14 ноември 1909 година во Скопје, заедно со неговиот 80 годишен дедо е убиен од заседа пред вратата на неговиот дом од турската полиција. Погребан е во црквата „Св.Димитреија„, а неговото убиство било повод за масовни протести. Неговиот убиец Кор Расим бил обесен на камениот мост во градот.
slasa is online now   Reply With Quote
Old 25-03-2018, 11:51   #33 (permalink) Top
admin

 
slasa's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,578
Agreed: 73
Agreed 34 Times in 32 Posts
Default

Васил Главинов

Click the image to open in full size.

Роден е во 1869 година во Велес. Основно образование завршува во Велес по што го изучувал дрводелскиот занает. Во 1887 година заминува во Софија каде отвара своја дрводелска работилница. Социјалистичките идеи ги стекнува под влијание на Димитар Благоев. Во 1893 г. формира Македонска работничка социјалистичка група. Во 1900 г. се одржува првата социјалистичка конференција во Македонија на која присуствувале В.Марков, Н.П.Русински, Н.Карев и др.

В.Главинов учествува во издавањето на весници, „Револуција“ (1895), „Политичка слобода“ (1898), „Работническа искра“ (1909), како и низа прогласи и брошури.

Во јануари 1910 учествува на Првата балканска социјалдемократска конференција во Белград.

По почетокот на Балканските војни се враќа во Софија каде останува до крајот на својот живот. По превратот од 9 јуни 1923 г. се повлекува од јавниот живот.

Почина на 24 јануари 1929 година.
slasa is online now   Reply With Quote
Old 25-03-2018, 11:53   #34 (permalink) Top
admin

 
slasa's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,578
Agreed: 73
Agreed 34 Times in 32 Posts
Default

Васил Пасков

Click the image to open in full size.
Роден е на 3 јануари 1872 година во с.Осиково, Неврокопско. Основното образование го завршува во Неврокоп. Во 1893 година завршува во Солунската машка гимназија, а во 1898 година историја на Софискиот универзитет.

На 1 септември 1899 година станал учител во егзархиската гимназија во Битола, каде предавал општа историја, црковна истиорија логика и психологија. Таму се приклучува кон ВМОРО и бил избран за член на Битоласкиот окружен револуционерен комитет. Учествувал во уредувањето на весникот „На оружје“.

Како осомничен од властите бил протеран од Битола и станал главен учител во егзархиското училиште во Ново Село, Штипско. Во август 1900 година како резултат на Попставревата афера бил уапсен и осуден на 12 години затвиор. Лежел во Куршумли ан во Скопје, но во 1902 година бил амнестиран и се преселил во Неврокоп.

Испратен од Централниот комитет, заминал за Одринско. Бил делегат на конгрењсотр на Петрова нива и бил избран за негов претседател.

По Илинденското востание отишол во Софија и од 1904 година уредник на в. „Револуционерен лист“. Од ноември 1907 година заедно со П.Јаворов и П.Пенчев уредник во в. „Илинден“.

Умира на 9 септември 1934 година
slasa is online now   Reply With Quote
Old 25-03-2018, 11:55   #35 (permalink) Top
admin

 
slasa's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,578
Agreed: 73
Agreed 34 Times in 32 Posts
Default

Васил Чакаларов



Роден е во 1874 година во с.Смрдеш, Костурско. Голем организатор на национално – ослободителната борба на македонскиот народ во Костурско. После убиството на Костурскиот војвода Кузма Стефов и на Лазар Москов во 1902 година, го презема раководството на Костурскиот реон. Учествувал на Смилевскиот конгрес, заедно со војводата Пандо Кљашев, како претставници на Костурскиот реон. На конгресот Чакаларов бил задолжен да ги води протоколите.

За време на Илинденското востание бил главен раководител на востанието во Костурско. Раководел и учествувал директно при ослободувањето на Клисура и Невеска и во борбите кај с.Вишени, Костурско. По Востанието со чета се движел во Костурско, се борел против андартите и против грчката пропаганда.

Во Првата балканска војна со чета дејствувал во заднината на османлиските сили.

Загинал за време на Втората балканска војна на 6 јули 1913 година, во месноста „Лакото“ на планината Вич, во борба против грчката војска.
slasa is online now   Reply With Quote
Old 25-03-2018, 11:59   #36 (permalink) Top
admin

 
slasa's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,578
Agreed: 73
Agreed 34 Times in 32 Posts
Default

Владислав Славчо Ковачев

Click the image to open in full size.

Роден е во Штип на 5 јануари 1875 г. Завршува воено училиште во Софија во 1895 година. Истата година учествува во Четничката акција на Македонскиот комитет во Мелничко. Од 1899-1901 година е секретар во Врховниот комитет. Во 1902 година се определил против врховизмот и со чета заминува во Македонија, каде водел борби против врховистите за спречување на Џумајското востание. Како Штипски војвода зема учество во Илинденското востание во Штипско, Кочанско и Кратовско. Во 1904 година учествува во Времениот комитет на Б.Сарафов во Софија.

Од 1904-1909 година завршува правни науки во Париз, а во 1911 година докторира во Брисел.

Зема активно учество во Балканските војни во редовите на Бугарската армија мислејќи дека се бори за Македонската независност, но како што ќе изјави покасно, „со создавањето на спорна и неспорна зона, почна поделбата на Македонија меѓу нејзините алчни соседи“.

После Првата светска војна работи како адвокат и судија. Во 1919 година ја издава брошурата „Автономна Македонија“, во која пропагира самостојна и независна Маскедонија. Тој е еден од водачите и идеологот на Македонската емигрантска федеративна организација во Бугарија, која се формира на 4 декември 1921 година. Од 1923 година бил член на раководното тело на Илинденската организација.

Убиен е на 13 септември 1924 година во Софија од Мирчо Кикиритков,
slasa is online now   Reply With Quote
Old 25-03-2018, 12:00   #37 (permalink) Top
admin

 
slasa's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,578
Agreed: 73
Agreed 34 Times in 32 Posts
Default

Владо Георгиев Черноземски

Click the image to open in full size.

Владимир Георгиев Черноземски и Владо Димитров Черноземски се псевдоними на лицето Величко Димитров Керин од с. Каменица, Пештерска околија. Роден во с. Каменица на 19 октомври 1897 г. Величко има еден брат и две сестри. Тој немал големо образование, завршил трети клас во с. Каменица.

Во 1922 г. станува член на ВМРО под името Владо Димитров Черноземски. Како член на ВМРО, влегувал во Македонија со чети и учествувал во борби повеќе од 15 пати. Бил познат како ладнокрвен по карактер, бестрашен и еден од најдобрите стрелци во организацијата. Како на еден од најдоверливите му се доверуваат редица одговорни задачи. На 12 септември 1924 г. го ликвидира Димо Хаџидимов, а на 12 декември 1930 г., во Софија е убиен Наум Томалевски. Од 15 јули 1932 г. Владо Черноземски е испратен кај Анте Павелич како инструктор, во Јанка Пуста - Унгарија, како подготовка за покасно изведениот атентат врз кралот Александар.На 9 октомври, 1934 г. во Марсеј, Франција ги прострелува југословенскиот крал Александар и францускиот министер Барту, и ранет од полицајците по кратко време умира.

Погребан е на 12 октомври на марсејските гробишта во присуство на двајца детективи и гробари. Местото на погребот не е означено.
slasa is online now   Reply With Quote
Old 25-03-2018, 12:04   #38 (permalink) Top
admin

 
slasa's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,578
Agreed: 73
Agreed 34 Times in 32 Posts
Default

Војдан Чернодрински

Click the image to open in full size.

Роден на 15 јануари 1875 година во с.Селце, Дебарска Жупа. Татко му бил свештеник кој уште во 1890 год. се преселил во Бугарија. Основно образование завршил во својот роден крај и во Охрид, а средно во Солун и Софија. Во Швајцарија студирал право но не го завршил. Во учебната 1897/98 год. бил учител во с.Могила, Битолско и се вклучил во дејноста на ВМРО.

Во Софија го организирал кружокот „Македонски зговор“ и во него подготвувал театарски пиеси. Во 1901 год. во Софија го формирал театарот „Скрб и утеха“ со кој давал театарски претстави во Бугарија, Македонија и Белград (1903). Во Македонија (Скопје, Битола и Солун) се појавил во1909 год., во времето на Хуриетот.Неговите драмски дела се трагедијата „Македонска крвава свадба“, прв пат прикажана во Софија во 1900 година, „Дрвари“, „Зло за зло“, „Робот на агата“, „Од главата си патиме“, „Духот на слободата“, „Слав Драгота, „Средба“ (во стихови, посветена на Г.Делчев), „Мајстори“, „На Нова година“ и други.

Умира на 8 јануари 1951 година.
slasa is online now   Reply With Quote
Old 25-03-2018, 12:10   #39 (permalink) Top
admin

 
slasa's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,578
Agreed: 73
Agreed 34 Times in 32 Posts
Default

Георги Баласчев

Click the image to open in full size.

Роден е на 10 април 1869 година во Охрид. Основно и трикласно прогимназијално образование завршил во родниот град, а Бугарска егзархиска гимназија во Солун. По матурирањето работи како учител во роднилот град. Со група другари оди на стручни подготовки во Белград, од каде по согледувањето за вистинските цели на српската боржуазија се вратил во Охрид. Потоа оди да студира во Софија, каде завршил историски науки.

Во 1890 година, на македонски дијалект, излегува неговата прва книшка „Неколку кратки летописни белешки за состојбата на западните Македонци“. Г.Баласчев им припаѓа на основачите на Младата македонска книжевна дружина во Софија, која во почетокот на 1892 година почнала да го издава списанието „Лоза“.

Баласчев напишал повеќе трудови од областа на историјата и археологијата, бил редактор на списанието „Минало“ и како научник и македонски патриот бил мошне познат и почитуван.

Умира на 6 октомври 1936 година во Софија, Бугарија.
slasa is online now   Reply With Quote
Old 25-03-2018, 12:12   #40 (permalink) Top
admin

 
slasa's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,578
Agreed: 73
Agreed 34 Times in 32 Posts
Default

Георги Баждаров

Click the image to open in full size.

Роден е на 8 февруари 1881 година, во Горно Броди, Серско. Се школувал во Солунската машка гимназија (1896-1899 г.) и во Битолската гимназија (1899-1900 г.). Учителствувал во Крушево, Демирхисарско од 1900 – 1901 година и бил член на Демирхисарскиот околиски револуционерен комитет.

По 1901 година бил четник во четата на Јане Сандански. Од 1902 година до октомври 1903 година бил секретаре во четата на Иљо Крчовалијата, а подоцна е во четата на Атанас Тешовалијата. Во летото 1903 година е делегат од Серско на конгресот на Серскиот револуционерен округ. Учествувал во Илинденското востание. По востанието емигрира во Бугарија каде завршува историја и географија на Софискиот универзитет.

По Првата светска војна е избран за член на Задграничното претставништво на ВМРО. Во 1925 година на Шестиот конгрес во селото Србиново, заедно со Наум Томалевски и Кирил Прличев е реизбран на истата функција. Од 1919 до 1923 година е главен уредник на весникот „Македонија„ и на списанието „Македонски поглед„. Бил еден од основачите на Македонскиот научен институт.

Тој е жртва на меѓуебните борби на ВМРО. Убиен е како протогеровист, на 19 септември 1929 година во Варна.
slasa is online now   Reply With Quote
Old 25-03-2018, 12:13   #41 (permalink) Top
admin

 
slasa's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,578
Agreed: 73
Agreed 34 Times in 32 Posts
Default

Георги Богданов


Click the image to open in full size.

Роден е во Велес 1879 година во богато семејство. Основното образование го завршил во родниот град, па го продолжил во Солун во 1897 година, во Машката гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Не ја зевршува гимназијата и се занимава со трговија. Тука се запознава со анархистичките идеи и влегува во групата на Гемиџиите во 1901 година.

Како гемиџија учествува во Солунските атентати. На 29 април 1903 година фрла бомба пред грчката кафана Ноја и наредниот ден е уапсен. На судењето оддал информации со кои ги довел во неповолна ситуација останатите другари. Заедно со П.Шатев, М.Бошнаков и М.Арсов бил осуден на смрт. Додека ја чекале казната во затворот во Солун, им била преиначена во доживотен затвор по што во 1905 година бил испратен во Фезан, Африка.

По Младотурската револуцијабил помилуван и заедно со П.Шатев се вратил во Македонија и се занимавал со трговија во Солун и Драма.

Во 1914 година влегува во Комитетот на дезертери кој се спротивставил на обидот на српските власти да мобилизираат Македонци во Првата светска војна.

Умира на 12 јуни 1939 година во Софија, Бугарија.
slasa is online now   Reply With Quote
Old 25-03-2018, 12:17   #42 (permalink) Top
admin

 
slasa's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,578
Agreed: 73
Agreed 34 Times in 32 Posts
Default

Георги Иванов (Марко Лерински)

Click the image to open in full size.

Роден е во Котел, Бугарија на 20 јуни 1862 година. Учесник е во Српско-бугарската војна во 1885 година. Во 1895 година ја напушта армијата и влегува во редовите на Врховниот македоно-одрински комитет и учествува во Мелничкото востние и опожарувањето на Доспат. По неуспехот се враќа во армијата како подофицер.

Во 1900 година се поврзува со Г.Делчев и Ѓ.Петров, кои го привлекуваат во ВМОРО и го испраќаат како војвода во Лереинско и Костурско. Им бил инструктор на многу видни војводи од Битолскиот револуционерен округ.

На 26 јули 1902 година четата на Марко Лерински влегла во с.Пателе, Леринско, со цел да ги казни оние селани што пред тоа им ги предале на Турците. Известена за тоа од предавник, турската војска го опколила селото и неговата чета. Во нерамна борба, Марко наредил пробој на обрачот, кој успешно бил изведен. Меѓутоа, при самиот јуриш,
slasa is online now   Reply With Quote
Old 26-03-2018, 22:52   #43 (permalink) Top
admin

 
slasa's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,578
Agreed: 73
Agreed 34 Times in 32 Posts
Default

Георги Ангелов Стојанов - Казепов

Click the image to open in full size.

Роден е на 21 февруари 1880 година во с.Калиманци, Горноџумајско. Завршил педагошко училиште во Сер (1900 година) и учителствувал во неколку села и во Мелник. Во ВМОРО пристапува во 1900 година.

За време на Илинденското востание се бори во четата на Ј.Сандански и И.Крчовалијата. Во 1905 година во Мелник е избран за секретар на Околиското раководство на ВМОРО. Во 1906 година формира своја чета, а на конгресот на Серскиот револуционерен округ во 1907 година е вклучен во Окружниот револуционерен комитет.

Во 1908 година се легализирал и учествувал во создавањето на Народнатафедеративна партија. Во 1909 година се наоѓал во одредот Македонци, кои учествувале во симнувањето на султанот Абдул Хамид. Една година подоцна, кога Младотурците сакале да го затворат Ј.Сандански, тој со својот одред ги спречил, опколувајќи го г.Мелник и ослободувајќи го од нивните раце.

Со своја чета учествува во Балканскоте војни.

Во 1920 година е избран за кмет на Мелник.

Бил убиен на 23 септември 1923 година во меѓусебните фракциски борби во тоа време.
slasa is online now   Reply With Quote
Old 26-03-2018, 22:55   #44 (permalink) Top
admin

 
slasa's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,578
Agreed: 73
Agreed 34 Times in 32 Posts
Default

Георги Кондолов

Click the image to open in full size.

Роден е во с.Велика, Малотрновско, во 1858 година. Уште од детството ги напушта родителите и изучува дрводелски занает во Цариград. Во 1878 година се населува во Хасково, Бугарија, каде отвора своја работилница, а од 1896 година и во Бургас. Еден е од основачите и раководител на „Македоно-Одринското друштво" во Бургас. Во 1897 година заедно со капетан П.Војвода и др. формираат таен револуционерен комитет. Во почетокот на 1901 година Кондолов формира своја чета која дејствува во Малотрновско и Бунархисарско.

Учествува на конгресот на Одринскиот револуционерен округ на 28 јуни 1903 година, на „Петрова нива“, каде е избран за началник на сите востанички чети во тој реон.

На 6 август 1903 година, при атак на с.Паспалово, а предадени од гркот Аристиди, тешко е погоден војводата Кондолов, кој заповеда да биде застрелан. Тешката задача, со ждрепка, му се падна на Димитар Македончето.
slasa is online now   Reply With Quote
Reply

Bookmarks

Thread Tools Search this Thread
Search this Thread:

Advanced Search

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Trackbacks are Off
Pingbacks are Off
Refbacks are Off



All times are GMT +2. The time now is 20:15.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47