Virtual Macedonia Forums  

Go Back   Virtual Macedonia Forums > Macedonia > Macedonian History > 19-20th century

Share This Forum!  
  

Reply
 
Thread Tools Search this Thread
Old 24-03-2018, 19:41   #1 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default кратка биографија

Алберт Сониксен

Click the image to open in full size.

Роден е на 5 мај 1878 год. во Сан Франциско, Калифорнија, САД. На 21 година (1899) тој е учесник во американската експедиција за освојување на Филипините. Како бунтовник-хуманист, тој преминува на страната на месните востаници. Како резултат од таааа авантура, во 1901 година ќе ја објави својата книга „Десет месеци заробеник на филипинските острови“, а потоа и „Морските разбојници“ итн. По Илинденското востание, кога интересот кон македонското прашање се засили, Сониксен се поврзува со емигранти од Македонија, и се вклучува во полза на движењето на угнетените во Македонија и Одринско. Како секретар на Македонскиот комитет во Њујорк, тој решава поблиску да се запознае со суштината на македонското ослободителното движење.

Како македонски четник, во состав на чети на ВМРО, прекрстарил низ повеќе делови на Македонија. Се среќавал со обични селани, печалбари, четници, војводи и раководители на ВМРО, меѓу кои и со Д.Груев.

Во 1907 год. објавил многу написи во американскиот печат и се јавил како заштитник на македонската ослободителна кауза. Тој е и автор на книгата „Исповед на еден македонски четник“.
MakOhrid is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 19:44   #2 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Александар Ефтимов

Click the image to open in full size.

Роден е во 1874 година во Битола. По завршувањето на средното образование, во учебната 1895-1896 година бил учител во селото Буф. Нешто подоцна станал раководител на Организацијата во Леринскиот револуционерен комитет. Во 1899/900 година станал раководител на Организацијата во Битола каде што и учителствувал. По една година бил избран за член на Битолскиот окружен револуционерен комитет и раководител на ученичката револуционерна организација во градот. Учествувал во многу борби со турскиот аскер, пред, за време и по Илинденското востание.

Од 1908 година е член на Окружниот револуционерен комитет во Битола до апсењето во текот на 1910 година. Осуден е на смрт, но подоцна пресудата му е заменета со доживотно прогонство.

Во 1912 година, заедно со Георги Поп Христов и Васил Клисаров, побегнал и се населил во Бугарија. Во Балканската војна со своја чета учествувал во заземањето на Битола.

По Првата светска војна останал да живее во Бугарија. Во меѓусебните фракциски борби бил на страната на т.н. левица и Временото македонско претставништво.
MakOhrid is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 19:46   #3 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Александар Китанов - Сандо

Click the image to open in full size.

Роден е во с. Лешко, Горноџумајско во 1881 година. По завршувањето на класното училиште во Горна Џумаја, го завршил педагошко училиште во Скопје. Извесно време работел како учител во родното село, а од 1900 година во класното училиште во Горна Џумајa.

Во ВМОРО влегол уште како ученик. Во Горна Џумаја станува член на градскиот комитет. Учествувал во аферата „Мис Стон“ во 1901 година. Стамнал илегален во четата на Х.Чернопеев. Подоцна бил четник во четите на Г.Делчев и К.Асенов. Се одликувал со голема храброст и интелегенција. Учествувал во многу борби против Турците.

По востанието, бил околиски војвода во Кукушко и Малешевско. Го придружувал Д.Груев во неговата обиколка низ Македонија.

Загинал заедно со Д.Груев и уште двајца четници, во нерамна борба со турскиот аскер, на 23 декември 1906 година, на врвот Петлец, кај селото Русиново, Беровско.
MakOhrid is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 19:48   #4 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Александар Кошка

Click the image to open in full size.

Роден е роден 1873 година во влашкото село Гопеш, Битолско. Во Битола се школува во Романската гимназија, а потоа студира медицина во Букурешт. Во 1902 година се враќа во Македонија и се вклучува во редовите на ВМОРО. Во 1903 година е во четата на Парашкев Цветков. Бил еден од најактивните Власи – членови на ВМРО. Како пелистерски војвода тој со својата чета учествувал во Илинденското востание и во борбите по Востанието.

Загинува со уште четворица свои четници кај селата Сливница и Курбиново, Ресенско, на 22 мај 1907 година.
MakOhrid is online now   Reply With Quote
The Following User Says Agreed With You MakOhrid For This Post:
BorisVM (24-03-2018)
Old 24-03-2018, 20:00   #5 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Александар (Сандо) Малинов

Click the image to open in full size.

Роден е во Ново Село – Штип на 22 декември 1899 година. На 22 ноември 1899 година води голема борба во неговото село. Бил многу храбар и решителен револуционерен деец. Со својата храброст се прославил и заслужено влегол во алејата на бесмртните со подвигот што го направил на 6 јануари 1904 година

Случајно откриен поради непретпазливост на некоја жена и опкружен од турска војска во штипското маало Ново Село, А.Малинов не се предал, туку храбро ја прифатил борбата, убивајќи 16 турски војници, 1 муљазим и 1 јусбашија. Иако тешко ранет, успеал да се пробие од обрачот. Меѓутоа, како последица на раните набрзо починал.

Овој македонски јунак бил погребан ноќе, тајно, од штипските граѓани во дворот на црквата „Св. Арангел“.
MakOhrid is online now   Reply With Quote
The Following User Says Agreed With You MakOhrid For This Post:
BorisVM (24-03-2018)
Old 24-03-2018, 20:02   #6 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Александар Протогеров

Click the image to open in full size.

Роден е на 23 февруари 1867 во Охрид. Се школувал во Охрид и во Софија, каде што во 1887 година завршил воено училиште. Учествувал како доброволец во Српско-бугарската војна во 1885 година. Билчлен на ВМК и војвода во Горноџумајско и во Илинденското востание. Во 1911 бил резервен член на ЦК на ВМОРО.

Во Балканските војни бил член на Штабот на Македонско-одринското ополчение. Во Првата светска војна бил заменик началник на Македонската воено-инспекциска област и е промовиран во генерал-лајтнант на бугарската армија.

По војната со Т.Александров и П.Чаулев се членови на ЦК на ВМРО. Бил потписник на Мајскиот манифест.

Убиен е на 7 јули 1928 година во Софија од егзекутор на ВМРО.
MakOhrid is online now   Reply With Quote
The Following User Says Agreed With You MakOhrid For This Post:
BorisVM (24-03-2018)
Old 24-03-2018, 20:05   #7 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Александар Турунџев

Click the image to open in full size.

Роден е во 1872 година во с.Екши Су, Леринско. Во редовите на ТМОРО се вклучил многу млад, најнапред како четник, а потоа како војвода. За време на Илинденското востание со својата чета зел активно учество во борбите кај Леринско.

По востанието учествувал во обновувањето на револуционерната мрежа во својот реон и влегол во новиот состав на Леринското Горско началство.

Кон крајот на 1904 година, во селото Ајтос, Леринско, бил предаден од шпионот Митре Гинков. Бил заробен и одведен во битолскиот истражен затвор. Таму бил подложен на големи измачувања и држан цела година. Турскиот суд во Битола го осудил на смрт, а казната била извршена со јавно бесење на битолскиот Ат-Пазар, на 29 август 1905 година.
MakOhrid is online now   Reply With Quote
The Following User Says Agreed With You MakOhrid For This Post:
BorisVM (24-03-2018)
Old 24-03-2018, 20:08   #8 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Александар Хаџи Панов

Click the image to open in full size.

Роден е 1875 година во Прилеп. Потекнувал од богато трговско семејство. Се школувал во Солунската егзархиска гимназија и таму во 1894 година станал член на Македонската револуционерна организација. Во Организацијата бил воведен лично од Д.Груев. По завршувањето на гимназијата се вратил во Прилеп и работел како учител. Во исто време мошне ангажирано ја ширел револуционерната идеја и во истата 1894 година го формирал првиот Месен комитет на ТМОРО во Прилеп.

Бил претседател на Прилепскиот комитет до 1895 година, кога се запишал на електроинженерство во Париз. Таму се разболел, се вратил во Солун, каде умира на 19 октомври 1900 година. Прераната смрт ја прекинала неговата револуционерна дејност.
MakOhrid is online now   Reply With Quote
The Following User Says Agreed With You MakOhrid For This Post:
BorisVM (24-03-2018)
Old 24-03-2018, 20:09   #9 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Александар Г. Чакаров

Click the image to open in full size.

Роден е во Струга, во 1869 година. По завршувањето на образованието во Солунската егзархиска машка гимназија во Солун, работел како учител во Струга, Охрид и Гуменџе. Рано се вклучил во национално-ослободителната борба на македонскиот народ, во 1894 година.

Бил Охридски реонски раководител а за време на Илинденското востание член на Горското раководство на Охридскиот револуционерен реон.

Бил и редактор на весникот „Автономија“. До Хуриетот работи како учител во Ново Селци, Софиско, по што се враќа во Македонија.

Умира во Битола во 1910 година..
MakOhrid is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 20:12   #10 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Анастас (Ташко) Д. Лозанчев

Click the image to open in full size.

Роден е на 8 април 1870 година во Битола. Завршува гимназија во Солун и учи фотографија во Софија. Работи како учител во с.Смилево и Могила и работи има фотографски дуќан во Битола. Еден е од првите дејци на Организацијата. Станал претседател на Окружниот комитет на Битолскиот револуционерен округ и во тоа својство учествувал на Солунскиот конгрес на ВМОРО (јануари 1903), а потоа и на Окружниот смилевски конгрес (мај 1903).

На Смилевскиот конгрес бил избран за член на Главниот востанички штаб. По востанието продолжува со нелегална дејност до септември 1904 година, по што се преселува во Бугарија, во Софија.

Починал на 8 ноември 1945 година
MakOhrid is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 20:14   #11 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Ангел Андреев

Click the image to open in full size.

Роден е на 23 април 1867 година во с. Рудари, Преспанско (денес Калитеја, Грција). Учи две години во грчко училиште во Герман, после работи како ѕидар со неговиот татко. Од 1892 година работи во Варна, Бугарија. На 1 октомври 1902 година влегува во ревизионата чета на Тома Давидов и со него заминал во внатрешноста на Македонија. На Смилевскиот конгрес бил назначен за преспански војвода.

За време на Илинденското востание со својата чет а имал повеќе судири со турскиот аскер кај селото Ппли и Шаовци, Леринско.
MakOhrid is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 20:19   #12 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Андон (Филахтечев) Димитров

Click the image to open in full size.

Роден во 1867 година во с. Ајватово (Солунско). Студирал право на Вишото училиште во Цариград, а потоа и на Универзитетот во Лиеж (Белгија). По завршувањето на студиите извесно време работел како професор по турски јазик во Егзархиската гимназија во Солун, а подоцна како адвокат и судија во Битола и Цариград.

Антон Димитров е еден од основачите на МРО односно ТМОРО во 1893 година.

По Првата балканска војна, Антон Димитров се населил во Софија (Бугарија), каде заземал високи позиции во Министерството за правосудство (1915/18) и Министерството на надворешните работи (1918/20).
MakOhrid is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 20:21   #13 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Андон Лазов, Јанев - Ќосето

Click the image to open in full size.

Роден е роден на 25 декемри во 1854 година во с. Голозинци, Велешко. По обидот за убиство на видниот турчин Али Чауш во Велес, бега во Солун, каде се приклучува во ВМОРО. Својата нелегалност ја прикрива како пајтонџија на Х. Татарчев. По убиството на виден Турчин, властите го носат во Солун неговиот постар брат Никола, кој се ставил во нивна услуга. Самиот Ќосето предложил да биде убиен, што и се случило. Учествувал и во убиството на српскиот ренегат во Солун Пејчиновиќ.

Во мај 1897 година по наредба на Д. Груев, заедно со Ицо Џорлев и гевгелиските раководители, Андон учествува во убиството на доушникот на турската власт и водач на гркоманската партија во Гевгелија Христо Цицов. Убиството било извршено пред очите на кајмакамот во Гевгелија, по што е направена голема потера.

По бегството, Андон се приклучува во четата на И. Крчовалијата и М. А. Попето во Кукушко. Со неколку соработници, фаќаат еден чорбаџиски син за кој добиле 1000 лири откуп. Поради несогласувања со четата заминува за Бугарија, каде бил уапсен од бугарските власти. Г. Делчев и А. Бузуков издејствувале негово ослободување. Учествувал и во Аферата мис. Стон.

За време на Илинденското востание предводи чета заедно со Ѓ. Петров и Л. Иванов во Прилепско. Потоа оди во Велешко каде водат борба со 500 души турски аскер. Ноќта, со својата чета успеал да се пробие и во средината на декември 1903 година. стигнува во Ќустендил.

По Востанието учествува во работата на Серската група, а во 1905 година се повлекува.

Во Балканските војни учествува во четата на Х. Чернопеев. По војните живеел и работел како службеник во Горна Џумаја.
MakOhrid is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 20:23   #14 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Андон Тошев Стојанов (Дончо Штипјанчето)

Click the image to open in full size.

Роден е во селото Ерџелија, Светиниколско на 20 јуни 1867 година. Учи шест години во бугарското егзархиско училиште во Штип, а потоа занает. Околу 1888 година бил убиен неговиот татко и Дончо, познат како Дончо Штипјанчето, почнал да се занимава со кираџиство, односно да пренесува разни стоки.

По доаѓањето на Гоце Делчев во Штип тој станува негов прв курир. Негова задача била да пренесува оружје и бомби за комитетите.

На 3 април 1896 година требало да пренесе бомби, сокриени во вреќите со ориз и некои писма за Прилеп и едно шифрирано и без печат и датум до Аврам во Битола. Наредбата била, во случај на опасност писмото да го уништи и да избега без товарот. Пред самиот влез во Битола, колџиите го откриваат и затвораат на 19 април. Бил подложен на најжестоки мачења но тој не издал никого. Бил осуден на 101 година тешка робија, за подоцна да биде амнестиран.

Околу 1913 година со своето семејство се преселува во Ќустендил, Бугарија.

По смртта на Даме Груев се приклучува кон Христо Матов и Тодор Александров, се до 1922 година кога му се влошило здравјето.
MakOhrid is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 20:28   #15 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Андреј Казепов
Click the image to open in full size.

Роден е во 1878 година во Јанковец, Ресенско. Учел во Цариград и Солунската егзархиска гимназија (1896-1899 година). Учителствувал во Банско (1900-1901) и Струмица (1901-1902). Во 1902 година влегува во четата на Јане Сандански. За време на Илинденското востание дејствувал во Пиринско. Пролетта 1904 година бил назначен за војвода во Кресненскиот реон.

На 24 април 1904 година, во еден судар со турската војска, Казепов загинал кај селото Сенокос, Кресненско.
MakOhrid is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 20:38   #16 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Антон П. Стојанов

Click the image to open in full size.

Роден е во с.Стојаково, Гевгелиско, во 1873 година. По завршувањето на Солунската егзархиска гимназија во 1892 година, извесно време бил учител во Бугарија, каде што станал секретар на Македонскиот комитет. Се префрлил во Македонија и во 1903 година пристапил во четата на Х.Чернопеев.

На 6 април 1903 година на врвот Готен, Малешевско, четата на Чернопеев водела тешка борба со многуброен турски аскер. Во текот на борбата загинал и Антон Стојанов.
MakOhrid is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 20:40   #17 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Апостол Петков Терзиев

Click the image to open in full size.

Кај народот познат како Апостол војвода, - „Ениџевардарско сонце“. Роден е на 6 мај 1869 година во с. Бојмица, Гевгелиско. Уште пред појавата на ТМРО, ајдукува во гевгелиско и ениџевардарско, а во 1897 г. се покрстува и влегува во редовите на ВМОРО. Се стекнал со голем авторитет и бил многу сакан од селаните и се сметал за нивни заштитник.

Во Илинденското востание бил предводник на голема востаничка чета и со неа водел успешни борби против турската војска. По востанието војува против грчката вооружена пропаганда и негов центар на активност е Ениџевардарското езеро (мочуриште). По Младотурската револуција од 1908 год. се легализира и потоа оди во Бугарија. Во 1910 год. со чета заминува за Македонија.

Убиен е од заседа на 2 август 1911 година, заедно со војводите Георги Мучитанов – Касапчето и Васил Пуфката во близината на с. Крушари, Ениџевардарско.
MakOhrid is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 20:45   #18 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Аргир Маринчев

Click the image to open in full size.

Роден е во 187 година во Охрид. Основно образование и прогимназија завршил во родното место. Како учител во родниот град тој се оддал на револуционерна дејност, поради што бил во лоши односи со егзархискиот владика. Во текот на 1902 година се повлекол во илегала, а во 1903 година бил назначен за самостоен војвода.

Како делегат на Охридскиот реон, заедно со Лука Групчев, Христо Узунов, Тасе Христов и Дејан Димитров, учествувал на Смилевскиот конгрес од 2-7 мај 1903 година.

За време на Илинденското востание станал војвода на просторот меѓу Битола и Охрид и во борбите против турскиот аскер имал повеќе успеси. На 30 и 31 август, меѓу селата Речица, Куратица и Свиништа, кај месноста Рашанец, каде беа сместени околу 1700 души после опожарувањето на нивните села, со својата чета останал да се бори до последниот момент. Тој и неговите четници го задржувале непријателот се до претпоследните куршуми. Последните ги задржале за себе, извршувајќи саможртва. Погребан е во Расанец Курајца Охридско
MakOhrid is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 20:46   #19 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Аргир (Наков) Манасиев

Click the image to open in full size.

Роден е во 1873 година во с.Сехово, Гевгелиско. Католичката гимназија ја завршува „Зајтенлик„ во Солун и работи како учител во Солунско и Гевгелиско. Во Организацијата стапува во 1894 година. Во 1901 година е секретар во четата на К.Булгаријата. Од август 1901 година до август 1905 година е гевгелиски околиски војвода. ?а време на Илинденското востание учествува во Гевгелискиот револуционерен округ, а потоа во борбата против андартското движење. Дејствува заедно со војводите Апостол Петков и Лука Иванов. Во 1905 година е секретар на Рилскиот конгрес на ВМОРО.

За време на Хуриетот учителствува во Гуменџе.

За време на Балканските и Првата светска војна е околиски управник во Гевгелија (1912-1913) и на Струмица (1913-1919). По војните Манасиев се населува во Г.Џумаја, каде што станува секретар на Окружната училишна инспекција.

Умира на 7 октомври 1932 година во Горна Џумаја,
MakOhrid is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 20:49   #20 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Арсениј Јовков (Пејко Селечки)

Click the image to open in full size.

Роден е на 25 март 1884 година во с.Селце, Струшко. После матурирањето (1903) во Битолската егзархиска гимназија, веднаш им се придружил на востаниците, активно учествувајќи во Илинденското востание како секретар на реонската чета на Охридско-малесискиот војвода Тасе Христов.

Како политички емигрант во Бугарија, во периодот 1921-1924 година го издавал весникот „Илинден“, орган на Илинденската организација во Софија.

Во 1924 година, на 12 спроти 13 септември во Горна Џумаја (Благоевград), е убиен заедно со други раководители на Илинденската организација.
MakOhrid is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 20:50   #21 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Атанас Бабата (Димитров - Иванов)

Click the image to open in full size.

Роден е во с. Синитево, Пазарџиско, во 1875 година. Истакнат деец и војвода од Илинденскиот период. Бил раководител на повеќе револуционерни реони (во 16 реони). Се истакнувал со голема храброст, смиреност и презир кон смртта. Учествувал во преку 30 борби со турскиот аскер. За време на Илинденското востание дејствувал во Кратовско. По востанието својата дејност ја продолжил во Македонија.

На 25 јуни 1905 година со 13 другари бил опседнат од турскиот аскер меѓу селата Куклица и Пендек (Кратовско). Се развила нерамна борба која траела полни 11 часа. Согледувајќи ја безизлезната состојба, извикувајќи „Да живее слободна Македонија“, извршиле саможртва, уништувајќи го претходно своето оружје и архивата.
MakOhrid is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 20:52   #22 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Атанас Иванов

Click the image to open in full size.

Роден е во Прилеп во 1874 година. Неговата мајка била главен организатор на ВМОРО во Прилепско за собирање храна и оружје. Повеќе години бил учител во прилепските села Небрегово,Бучин, Дуње и Варош, а потоа во Прилеп и Ресен. Многу рано се вклучил во редовите на Организацијата и станал член и секретар на Првиот револуционерен комитет во Прилеп.

Иванов бил организатор на повеќе терористички групи. Бил затворан неколку пати. Во 1902 година се приклучил во четата на П.Ацев, а во 1903 година во четата на Христо Оклев-Попето, каде бил секретар. Тој зел активно учество и во Илинденското востание.

Во 1904 година, заедно со неговиот брат Кочо се префрлил во Бугарија. Таму станал член на Прилепското братство во Софија.

Во 1912 година учествувал во Балканската војна како фелдшер (помошник лекар).
MakOhrid is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 20:54   #23 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Атанас Кршаков - Насо

Click the image to open in full size.

Роден во с. Косинец, Костурско, во 1883 година. Учествувал во револуционерните борби уште пред Илинденското востание. Еден месец пред Востанието бил потешко ранет во една борба со турскиот аскер и поради тоа не можел да земе учество во борбите во текот на самото Востание.

По Илинденското востание, како војвода на чета водел повеќе борби против турскиот аскер и грчките андарти. Во една од тие борби, во 1907 година, кај с.Грче, Костурско, загинува и војводата А.Кршаков.
MakOhrid is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 20:55   #24 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Атанас Нивички

Click the image to open in full size.

Роден е во с.Нивичино, Струмичко во 1872 година. Нивички бил мошне смел борец и многу верен на национално-ослободителното дело на македонскиот народ. Целото негово семејство било вклучено во ослободителната борба. Бил роден во селото Нивичко, Струмичко. Следбеник на идеите на Г.Делчев. Имал здраво расудување, тактичност и беспримерен хероизам.

Учествува во грабнувањето на Мис Стон во 1901 година и таму го добива прекарот Фратер Атанас. Учествувал во повеќе борби против турскиот аскер во Струмичко и други места.

Доверлив човек на Гоце Делчев и долгогодишен раководител во Нивичино.
MakOhrid is online now   Reply With Quote
Old 24-03-2018, 20:57   #25 (permalink) Top
admin

 
MakOhrid's Avatar
 
Join Date: May 2002
Sign: Aries
Posts: 22,614
Agreed: 73
Agreed 35 Times in 33 Posts
Default

Атанас Перев - Мурџев

Click the image to open in full size.

Роден е во Прилеп на 31 јануари 1872 година. Ја завршил Солунската егзархиска гимназија, каде што се спријателува со Д.Груев, П.Тошев и Ѓ.Петров. Тој е еден од првите членови на ВМОРО, како агитатор и организатор, а покасно и четник и војвода.

Атанас Мурџев станува соработник на Гоце Делчев, а покасно преминува на страната на врховистите.

Со своја чета учествувал во Илинденското востание во кратовско, каде во борбите над Луково даваат 8 жртви, меѓу кои војводите Г.Манасиев, И.Топчев и Н.Дечев.

После тоа се повлекува во Бугарија каде станува војвода на нова чета од 400-500 души. Четата води борби со турскиот аскер кај Крива Паланка.
MakOhrid is online now   Reply With Quote
Reply

Bookmarks

Thread Tools Search this Thread
Search this Thread:

Advanced Search

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Trackbacks are Off
Pingbacks are Off
Refbacks are Off



All times are GMT +2. The time now is 23:52.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47