Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Бизнис, Берзи и Економија > Недвижности

Важни забелешки

Недвижности Купувате или барате стан низ Македонија?

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 18-02-2008, 09:19   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Stay Thirsty My Friends!
 
Аватарот на BorisVM
 
Регистриран: Jun 2001
Локација: Rochester, NY.
Возраст: 33
Знак: Водолија
Мислења: 11.480
Блог записи: 6
Слики: 6
Популарност: BorisVM Новодојденец
Испратете порака преку ICQ до BorisVM Испратете порака преку AIM до BorisVM Испратете порака преку MSN до BorisVM Испратете порака преку Yahoo до BorisVM
Стандардно Умрени продавале имот

Доста Трипуновска и Цвета Трајковска, иако цел живот ниту читале ниту пишувале и починале како неписмени, во Скопскиот катастар се потписнички на документи за продажба на имот на кои, место отпечатоци од прст, стојат "докторски" потписи под н

Сестрите Доста Трипуновска и Цвета Трајковска, и двете со имот во Сопиште, неписмени, научиле да пишуваат дури откако починале. Ваков апсурд, по којзнае кој пат е заверен во Скопскиот катастар. Врз основа на потписите од умрените, имотот место наследниците, си го присвоиле други луѓе. Дека може и умрени не само да научат да пишуваат туку и да потпишуваат документи, открија наследниците на Цвета и Доста речиси десет години по смртта на Доста и неколку месеци по смртта на Цвета.
Аница Павловска, ќерка на Доста Трипуновска и единствен наследник на целиот нејзин имот и на имотот на нејзината сестра Цвета Трајковска, се шокирала кога во Скопскиот катастар и покажале документ на кој биле потпишани нејзините покојни мајка и тетка кои цел живот ниту пишувале ниту, пак, читале. Починале како неписмени.
Одот по маките на Аница Павловска почнал во есента 2004 година кога, заедно со семејството тргнале на нивите во Сопиште да ги берат бадемите кои биле засадени таму. Кога стигнале, одвај си ги препознале нивите. Целиот простор бил околчен и раскопан. Им станало чудно кој може да чепка во нивниот имот без нивно одобрение, па тргнале да ја бараат правдата.
"Бидејќи нивите се во непосредна близина на новата населба која ќе се гради Сончев град, првин помисливме дека некој за потреби на државата го околчил местото. Се посомневаме дека можеби се ориентирале за патот кој е во близина и слично, но излезе дека нивите си добиле нов газда", вели Аница Павловска.
Кога никој не можел да им каже кој ги поставил колчињата на нивните три ниви, на семејството Павловски им текнало дека е крајно време имотот, кој на Аница и е наследство од мајка и и од тетка и, да го префрлат во Катастар на нејзино име.
"Во Катастарот не чекаше уште еден шок. Ни кажаа дека имотот повеќе нема да се води на името на мајка ми бидејќи таа му го продала на извесен Џемаил Мустафа, кој побарал нивите да се впишат на негово име. Тоа беше невозможно бидејќи мајка ми во 2004 година, кога првпат отидовме во Катастар, беше веќе девет години почината, а почината беше и тетка ми Цвета. Кога судски го наследив имотот од мајка ми и тетка ми во 1996 година, имотот беше на нивно име. Тогаш побаравме да ги видиме документите врз основа на кои во Катастар нивите имаат друг сопственик, но уште истиот момент наидовме на sид. Катастарот не ни дозволуваше увид во документите. Отидовме безброј пати на вратите на тамошните референти, службеници, но никој не сакаше да ја разбере нашата мака", вели Павловска.
Нејзиниот сопруг Дончо Павловски вели дека во тој момент многу им помогнале полицајците од полициската станица "Пролет". Единствено тие ги примиле, ја слушнале нивната мака и им ветиле дека ќе помогнат. Но Дончо и Аница велат дека ветувањето го примиле со резерва, бидејќи сметале дека невидливиот sид во Катастар никој не може да го пробие. Се изненадиле кога со полициска интервенција им бил дозволен увид во документацијата за нивите. Тогаш виделе дека за трите ниви во Катастар има барање да се заведат на име Џемаил Мустафа, врз основа на купопродажен договор на кој со своерачни потписи се потпишани мајката и тетката на Анкица.
"Под името на мајка ми стоеше потпис чиниш некој доктор го ставил таму, а мајка ми беше неписмена. Таму кај што требаше да се потпише, таа оставаше отпечаток од прст, а исто и тетка ми. Но купопродажбата беше заверена, имотот беше во процедура да се префрли на друго име, а никому од Катастарот не му беше гајле дека купопродажниот договор е фалсификат", вели Павловска.
Барајќи начин како да си го поврати имотот, на Аница и текнало дека може да докаже оти мајка и била неписмена и дека не ставила потпис на документите кои стоеле во Катастар. Таа дома пронашла купопродажен договор за некоја нива која мајка и и тетка и навистина ја продале уште кога биле живи. Во тој договор место потпис, Доста и Цвета оставиле отпечаток од прст.
"Го пријавивме фалсификуваниот потпис во полиција, и Јавното обвинителство поведе судска постапка во која се докажа дека купопродажните договори се фалсификат. Во 2006 година Кемал Мустафа, син на лицето кое фигурира во купопродажните договори, беше осуден на парична казна за направениот фалсификат, а ние со пресудата отидовме во Катастар да си го вратиме украдениот имот. Мислевме дека тука ќе запрат мајмунлаците на вработените во Катастар, бидејќи веќе имавме судско решение, но се покажа дека таму работат луѓе што се однесуваат како Катастарот да е нивна приватна фирма. Место да ни направат измена, ни го изгубија предметот. Мислам дека милион пати отидовме да ги потсетиме оти имаме таков предмет и дека чекаме да се направи измената. Прво ни кажуваа дека предметот се работи, дека треба време за него, а после утврдија дека го изгубиле, па ни побараа нови документи за да го обноват. Го направивме и тоа, но место да го добиеме имотот на наше име, тие ни доставија решение во кое велат дека не можат да ја направат измената бидејќи некој друг во исто време бара тој имот да се префрли на некое друго име", раскажува Дончо, сопругот на Аница.
Тука одново почнал кругот да утврдат кој бара измена и зошто Катастарот не го почитува судското решение. Утврдиле дека во исто време кога тие, врз основа на судското, решение побарале Аница да се внесе како сопственик на нивите, барање поднел и фалсификаторот Кемал Мустафа, која барал имотот од име на татко му да се префрли на негово име.
Така семејството Павловски, иако во раце имале судско решение дека имотот со фалсификат им бил одземен, а лицето што им го одзело било осудено и казнето, не успеале да си ги вратат нивите. Катастарот како воопшто да не го земал предвид судското решение.
Последното решение од Катастар, со кое на Павловски им кажуваат дека не можат да го впишат имотот како нивен бидејќи и некој друг го бара, Павловски го обжалиле на второстепената владина комисија. Одговор од таму чекаат од ланскиот јануари.
Во Скопскиот катастар не сакаат да го коментираат случајот. Раководителот Никола Тодоров потврди дека има таков случај, но нагласи дека не може да каже ништо поврзано со него бидејќи предметот, односно целокупната документација е веќе испратена на второстепената комисија.
Од второстепената комисија, пак, велат дека наследиле огромен број заостанати предмети од претходната власт, а предмети се натрупале и поради прекините во работата на комисијата. Од таму очекуваат жалбите кои се поднесени лани да се разгледуваат до крајот на месецов и следниот месец, кога решение на случајот може да очекува и семејството Павловски.
Во меѓувреме, тие чекаат помош и од другите институции каде што се обратиле за да си го остварат правото. Побарале помош од Министерството за правда, од Народниот правобранител, од Антикорупциската комисија, од Општина Сопиште, на чија територија е имотот, но помош од никаде не им стигнала. Затоа се посомневале дека некој со големи врски сака да им го одземе имотот чија цена од ден на ден се повеќе расте поради тоа што е блиску до владината еколошка населба Сончев град.
__________________
Aleksandra
BorisVM моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
имот, продавале, Умрени

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Фуере – подобар политички дијалог е начинот за напредок на Македонија BorisVM Дневни Вести 0 05-08-2008 19:50
Фуере – подобар политички дијалог е начинот за напредок на Македонија BorisVM Дневни Вести 0 05-08-2008 19:40
Фуере – подобар политички дијалог е начинот за напредок на Македонија BorisVM Дневни Вести 0 05-08-2008 19:35
Кому му пиша Путин? BorisVM Дневни Вести 0 06-05-2008 00:20


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 15:08.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68