![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Рекреација и Фитнес Сакате да дознаете повеќе информации за рекреација и фитнес? Тука можете да најдете се. |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| SSDD | Пешачете за здрав и квалитетен живот (аеробни вежби) Еден од најдобрите и најлесните начини на аеробна активност е пешачењето. За пешачење не ви е потребна посебна опрема и истото може да го правите речиси секаде. За да имате ефект на аеробна активност, мора да пешачите доволно брзо за да ви се забрза пулсот и дишењето, без при тоа да претерате во брзината, па да не можете да разговарате удобно додека пешачите. Некои луѓе почнуваат со 30 минутно пешачење дневно, обично по завршување на работниот ден. Други практикуваат постепен почеток, со 10 минутно пешачење секој втор ден. Времетраењето на пешачењето можете да го наголемувате во текот на денот. Пешачење 10 минути 3 пати во денот е грубо еднакво на пешачење 30 минути еднаш во денот. Зголемете го вашето пешачење Зголемувањето на пешачењето може да го изведете на повеќе едноставни начини. Овде ќе ви дадам некоку предлози за почеток, а вие веројатно ќе се сетите на дополнителни начини, кои кај вас ќе имаат конкретен ефект како да се натерате да пешачите повеќе. Повеќе пешачење во текот на секојдневната активност, може да придодадете на следниов начин: -Паркирајте го вашиот автомобил подалеку од местото каде обично паркирате кога одите на работа -Симнете се од градскиот автобус една станица порано и продолжете со пешачење -Користете ги скалите наместо лифтот барем кога се работи за еден или два спрата -Кога треба да појдете на пократки релации од вашиот дом, практикувајте да одите пеш наместо со кола. -Доколку е можно, пешачете до училиштето во кое учите, вашето работно место (ако сте вработени), до домот на вашите пријатели, до трговскиот центар во вашата населба. Практикувајте постојано да истражувате нови делови на градот каде што ќе пешачите. На тој начин пешачењето ќе ви се види многу позабавно, а воедно ќе откриете нови работи во вашето населено место, за кои не сте биле свесни дека воопшто постоеле, кога сте поминувале со автомобил. Од безбедносни причини, пешачењето во нови делови на градот чувајте го само за преку ден. Може да почнете со:
Практикувајте да пешачите во различни периоди од денот. Слободното време, кога не треба ништо да сработите и кога не мора некаде да се појавите, искористете го така што ќе излезете надвор и ќе пешачите. Идеално време за пешачење е:
За крај само едно потстување на познатата изрека: малите работи го прават животот поубав. Затоа облечете се удобно и ајде сите на пешачење.
__________________ Љубовта и добрината се единствените нешта што се множат со делење. |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 4 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| ПЕШАЧЕЊЕ |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Путин одново ги меша картите на Балканот!?! | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 20-01-2008 18:40 |