Овој ден во ... 1577. - Во Зиген е роден Петар Паул Рубенс, фламански сликар, еден од најголемите мајстори на барокниот стил. Соединувајќи ги најдобрите традиции на северњачкото и на италијанското сликарство, тој создаде слики полни со драматика, еротика, раскош на костимите и сјај на боите. Умре во Антверпен, на 30.05.1640 година. 1867. - Во Аргиент е роден Луиџи Пирандело, италијански писател. Меѓу најзначајните негови дела се драмите „Шест лица го бараат писателот“, „Хенри 4“ и романот „Покојникот Матија Паскал“. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1934 година. Умре во Рим, на 10.12.1936 година. 1712. - Во Женева е роден Жан Жак Русо, француски писател и филозоф - просветител. Негови познати дела се „Расправа за науката и уметноста“, „Емил“ и „Општествен договор“. Умре во Ерменонвил, на 2.07.1778 година. 1919. - Во Версај, кај Париз, е потпишан Договор за мир меѓу преставниците на германската Влада и претставници на земјите победнички во Првата светска војна. 1993. - Во Лондон, Република Македонија го потпиша Уставот на УНЕСКО, со што формално стана членка на оваа асоцијација на ООН. 1995. - Република Македонија и Република Азербејџан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |