Низ Историјата 1752 - Бенџамин Франклин, американски физичар и државник, го докажа односот меѓу молњата и електричното празнење со пуштање на детско летало за време на бура. На овој ден е пронајден громобранот. 1899 - Во Фуенте Вакерос е роден Федерико Гарсија Лорка, шпански писател од Гранада, народен драматург, сликар, музичар и еден од најголемите лиричари воопшто. Изврши значително влијание врз развојот на европската поезија. Познати се неговите збирки песни: „Песни“, „Цигански романсеро“, „Поет во Њујорк“ и драмите „Крвави свадби“ и „Домот на Бернарда“. По трагичната смрт (го стрелаа франкистите во првите денови на Граѓанската војна во Шпанија, во 1936 година), тој стана најчитан светски поет. 1919 - Во директен лет од Њу Фаундленд, во Северна Америка до Ирска, британските авијатичари Артур Браун и Џон Оклок први го прелетаа Атлантикот. Летот траеше 10 часа и 12 минути. 1920 - На Конгресот во Хаг, е основана Светската конференција на трудот. 1967 - Жорж Помпиду е избран за претседател на Франција. 1994 - Република Македонија и Република Боливија воспоставија дипломатски односи. Република Боливија е прва земја од Латинска Америка и Карибите со која Република Македонија воспостави дипломатски односи. 1994 - Израел и Ватикан воспоставија целосни дипломатски односи по историскиот договор за меѓусебно признавање и помирување, и формално окончувајќи го вековното несогласување меѓу Евреите и Римокатолиците.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |