Низ Историјата 1912 - Во селото Црвена Вода, охридско е роден Ванчо Николески, истакнат македонски писател. Негови познати дела се „Македонче“, „Школско ѕвонче“, „Крај огниште“, „Мице“, „Волшебното самарче“ и „Гоце Делчев“, „Чуден свет“. Умре во Охрид, на 15.04.1990 година. 1912 - Во Љубљана умре Антон Ашкерц, истакнат словенечки поет, претставник на реализмот во словенечката литература. Покрај епска поезија пишуваше балади и романси. Роден е на 9.01.1856 година. 1942 - Почна битката на Козара, една од најславните епопеи на краишките партизани и на народот од тој крај против германските фашисти и домашните предавници. Во битката, која траеше до 18 јули 1942 година, Германците убија 540 ранети војници, а во логори изведоа околу 50.000 луѓе. Сепак, целта на непријателската операција не успеа. 1985 - Во Скопје, умре Стефан Русјаков, еден од основоположниците на македонската опера и учесник во првата опера изведена на македонски јазик - „Кавалерија Рустикана“ од Пјетро Маскањи. 1988 - Во Нови Сад умре Неџати Зекирија, познат детски писател од турска националност во Македонија. Негова најпозната збирка е „Децата од нашата улица“. Роден е во Скопје, во 1928 година.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |