На овој ден 1917. - Доделена е првата „Пулицерова награда“. Во доцниот 19 век, Џозеф Пулицер е еден од главните личности на американското новинарство. Тој е човекот кој прв го овозможил школувањето на новинарите на универзитетско ниво во школите за новинарство. Денешните Пулицерови награди за новинарство, музика, литература и драма всушност се посветени на неговото визинерство. 1934. - Во селото Лазарополе, гостиварско, умре Васил Апостолов Икономов, македонски учител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач и калиограф. Роден е во селото Лазарополе, на 6.05.1848 година. 1944. - Осмата британска и Петтата американска армија го зазедоа Рим. Германскиот командант во Италија, фелдмаршал Кесерлинг, се откажа од неговата одбрана, прогласувајќи го Рим за „отворен град“. 1971. - Во Будимпешта, умре Ѓерѓ Лукач, унгарски писател, критичар, естетичар, политичар, филозоф, еден од најистакнатите марксистички теоретичари на 20 век. 1989. - Во Пекинг, НР Кина, кинеската влада свирепо го задуши седумнеделниот протест на студентите на плоштадот „Тјенанмен“. Загинаа неколку стотини, а беа повредени неколку илјади студенти. 1997. - Филолошкиот факултет во Скопје, го доби името „Блаже Конески“, значи - Филолошки факултет „Блаже Конески“.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |