Денес ... 1523 - По победата над Данците, Густав Васа е прогласен за крал на Шведска под името Густав И. 1848 - Во Париз е роден Пол Гоген, француски сликар. Тој се инспирираше од егзотичен свет на островите Тахити и Фати - Ива. Формите на неговите слики се мирни и монументални, проткаени со еротика. Влијаеше врз развојот на експресионизмот и на формирањето на фовизмот, а се занимаваше и со скулптура. Умре на Маркишките Острови, во 1903 година. 1862 - САД и Велика Британија потпишаа Договор за борба против трговијата со робови. 1905 - Членовите на норвешкиот Парламент донесоа одлука за одвојување на Норвешка од Шведска. 1935 - Умре Иван Владимирович Мичурин, советски биолог, генетичар. Се занимаваше со подобрување на сортите на овошките во централна и во северна Русија, како и со создавање нови сорти. Работеше врз вкрстувањето меѓу водовите и родовите, притоа користејќи ја и вегетативната хибридизација (калемењето), добиваше семе и со вештачко запрашување, при што забележа дека тоа семе е поотпорно. Роден е во Долгоево, на 15.10.1855 година. 1945 - Со решение на Министерството за народна просвета на Демократска Федеративна Македонија е озаконет Правописот на македонскиот јазик, чиј дефинитивен текст беше усвоен пет дена порано. Утврдувањето и озаконувањето на Македонскиот правопис преставуваше израз на континуираната борба на македонскиот народ за свој литературен јазик и правопис, кој во понатамошните години се надградуваше со нови содржини. 1948 - Претседателот на Чехословачка, Едуард Бенес поднесе оставка со образложение дека не сака да го потпише новиот Устав според кој, земјата стана комунистичка држава. 1971 - Советскиот вселенски брод „Сојуз ИИ“ во орбитата околу Земјата се спои со вселенската станица „Салјут“. 1991 - Со одлуката на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, одредницата „Социјалистичка“ од името на СР Македонија е изоставена и Републиката го носи називот Република Македонија.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |