9-ти Јули 1873 - Педесет години по пуштањето на првата железница во светот, меѓу Скопје и Солун е воспоставена првата железничка врска. 1942 - Во Скопје, во Обласната полициска управа, бугарските фашисти го убија Цветан Димов, народен херој на Македонија. Роден е во Скопје, на 5.03.1909 година. 1943 - Кај селото Врбница, во близина на Фоча, во Босна, четниците го стрелаа Иван Горан Ковачиќ, хрватски поет, есеист, новинар, политичар, преведувач и борец во НОВ. Автор е на поемата „Јама“. Роден е во Луковдол, Горски Котор, на 21.03.1913 година. 1992 - Умре Ханс Ем, најстариот член на МАНУ. Учесник е во НОВ на македонскиот народ од 1941 година. Роден е во Марибор, на 6.06.1898 година.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |