8-ми Јули 1621 - Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен, француски поет и баснописец. Има напишано 240 басни. Умре во Париз, на 13.04.1695 година. 1809 - Во Крапина е роден Људевит Гај, голем хрватски идеолог и водач на Илирското движење. Забележувајќи ги објективните околности на своето време, тој сметаше дека литературната и културната дејност претставуваат пат до националната преродба во услови на политичка пресија. Во 1943 година беше забранета употребата на илирското име, а тоа значеше почеток на крајот на Гај, кој умре во Загреб, на 20.04.1872 година. 1822 - Во Лондон умре Перси Биш Шели, англиски писател, еден од најголемите лиричари во светската поезија. Во поемата „Кралицата Маб“ го дава изразот на својот револуционерен дух против кралевите, свештениците и политичарите. Роден е во Филд Плејс на 4.08.1792 година. 1838 - Роден е Фердинанд Цепелин, германски генерал и конструктор на воздушните бродови (балони), според него наречени „Цепелин“. Првиот воздушен балон летна на 3.07.1900 година. Умре на 8.03.1917 година. 1967 - Со нападот на израелските копнени и воздухопловни сили врз Египет почна израелската агресија врз арапските земји.
__________________ Open mouth, insert foot, echo internationally. |