![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| На Денешен ден Денеска во историјата |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| IRC Operator & Moderator | 1354.- Убиен е италијанскиот хуманист Николо Габрини, познат како Кола ди Ријенци, водач на римските републиканци. Својот идеал, обнова на античката република во Рим и обединета Италија, се обиде да го оствари со востание во 1347 година. Со помош на римските граѓани ја прогласи Римската република, која ја предводеше под името „народна трибуна“. Од Рим ги протера феудалците и ги намали даноците, но набрзо аристократијата ги порази неговите истомисленици и од 1348 до 1353 година живееше во бегство. За своите идеи без успех се обидуваше да ги придобие германскиот цар Карл IV и авињонскиот папа Инохентиј VI. Во август 1354 година успаа да ја обнови Римската република, но по два месеци беше убиен. 1469.- Умре италијанскиот сликар Фра Филипо Липи, припадник на фирентинската рана ренесанса. 1793.- Во Париз за публиката е отворен музејот "Лувр" кој дотогаш беше кралски дворец. 1803.- Умре италијанскиот писател Виторио Алфиери. Од неговите дела зрачи љубов за слобода и желба за ослободување од тиранијата. Дела: трагедија „Саул“, „Орест“, „Марија Стјуарт“, „Филип“, „Клеопатра„, „Антигона“, автобиографскиот запис „Животот на Виторо Алфиери“. 1843.- Со англиско-кинеските трговски договори потврдена е спогодбата на Нанкинг, што ја потпиша Кина, признавајќи го поразот во „Опиумската војна“ против Британија. Врз основа на спогодбата, Кина мораше да и плати на Британија отштета од 21 милион долари, да и го отстапи Хокгконг и за европската трговија да ги отвори пристаништата: Кантон, Амој, Фучоу, Нингно и Шангај. Во кинеските пристаништа Британците наметнаа режим на екстериторијалност, ја одредија висината на царината (5 отсто) и за себе обезбедија трговски привилегии. 1856.- Велика Британија ја почна втората „Опиумска војна“ против Кина, во која и се придружи Франција. Кина капитулира во 1857 година кога Братнците и Французите го зазедоа Кантон. 1864.- Во Смедерево е роден Бранислав Нушиќ, српски комедиограф, сатиричар и критичар. Негови најпознати дела се комедиите "Сомнително лице", "Протекција", "Народен пратеник", "Госпоѓа министерка" и други. Умре во Белград, на 19 јануари 1938 година. 1871.- Во Чикаго во пожар, кој беснееше три дена, загинаа најмалку 300 луѓе, а околу 90.000 останаа без покрив над главата. 1893.- Вилхелм Конрад Рентген го откри новиот вид зраци што имаат својство да пробиваат низ телото и да дејствуваат врз фотографската плоча. Тој ги нарече "ИКС" зраци, а подоцна според неговото име се наречени рендгенски зраци. За овој епохален пронајдок ја доби Нобеловата награда за физика во 1901 година. 1895.- Роден е аргентинскиот државник Хуан Доминго Перон. Беше претседател од 1946 до 1955 и од 1973 до неговата смрт во 1974 година. По воениот удар во 1943 година беше министер за војна, во 1944 потпретседател, а од 1946 година шеф на државата. Спроведуваше авторитарна политика потпирајќи се на работниците и на неговата популарна сопруга Ева. Во 1955 година ја одвои црквата од државата. Во септември истатата година по воената побуна е тргнат од функцијата. Во септември 1973 година, по враќањето од емиграција, повторно е избран за претседател на Аргентина. 1895.- Убиена е корејската кралица Мин, која се обидуваше да го спречи бранот на јапонската доминација во Кореја. Групата убијци која влезе во нејзиниот двор ја предводеше јапонскиот конзул генерал Горо Миур. 1912.- Црна Гора и објави војна на Турција и истиот ден ги нападна Турците кај Скадар со што почна Првата блаканска војна. По крвавите борби во кои загинаа безмалку 300.000 луѓе од двете страни, Србија, Црна Гора, Грција и Бугарија во 1913 година ја тргнаа турската власт од Балканот и ги протераа Туците од Европа. 1939.- Германија во Втората светска војна ја припои западна Полска во Третиот рајх. 1942.- Почна големото истоварување на сојузничките трупи во Африка за време на Втората светска војна. Главен командант на операцијата беше Двајт Ајзенхауер. 1944.- Ослободена е Крива Паланка. 1944.- На Скопска Црна Гора, Шеснаесеттата македонска НО бригада по тридневни борби ги одби нападите на балистичките сили од правецот на селото Орман - селото Бразда, кои се обидуваа да ја отфрлат од комуникацијата Скопје - Качаник и да го оневозможат непречено сообраќајот на германските сили. Бригадата успеа да ги одржи позициите од кои постојано ги напаѓаше германските транспорти и колони. 1944.- Во селото Жегљање, Кумановско, е формирана Седумнаесеттата македонска НО бригада. 1952.- Во железничка несреќа во северозападен Лондон загинаа 112, а беа повредени повеќе од 200 луѓе. 1953.- Велика Британија и САД без консултации предизвикаа едногодишна криза во односите меѓу Италија и Југославија со предавањето на цивилната управа во зоната „А“ - слободната територија на Трст - во целост на Италија. Италија концентрира свои трупи на границата, на што со иста мерка и возврати Југославија. 1954.- Ослободителните сили на Северен Виетнам влегоа во главниот град Ханој. 1967.- Во Боливија е убиен Ернесто Че Гевара. Тој со Фидел Кастро учествуваше во кубанската револуција и стана симбол на современ револуционер меѓу младите на Европа и на двете Америки. Роден е во 1928 година. 1967.- Умре биратнскиот државник Клемент Ричард Атли, лабуристички премиер од 1945 до 1951 година. За време на неговиот мандат Лондон ги призна независноста на Индија во 1947 година, а во 1948 година на Бурма. Дела: „Лабуристичката партија во перспектива“, „Дванаесет години подоцна“ и автобиографијата „Како се случи тоа“. 1970.- Рускиот писател Александар Солжењицин ја доби Нобеловата награда за книжевност. 1974.- Во Љубљана умре Франце Космач, словенечки писател, филмски режисер, сценарист и публицист. Роден е во Љубљана, на 3 октомври 1922 година. 1991.- Словенија и Хрватска, спротивно на важечкиот устав, еднострано се отцепија од Југославија, предизвикувајќи граѓанска војна, со премолчена согласност од Запад. 1992.- Во Ункел, кај Бон, умре Вили Брант, западногермански политичар, претседател на Социјалдемократската партија на СР Германија. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1971 година. Роден е во Либек, на 18 декември 1913 година. 1992.- Македонската радио - телевизија го извести генералниот секретар на Здружението на југословенските радио - телевизии дека Македонската радио - телевизија донесе одлука за истапување на МТВ од ЈРТ, во согласност со одредбите на договорот за основање на здружение на југословенските радио - телевизии. 1994.- Во Скопје е одржано Основачкото собрание на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија. За претседател е избран Мето Јовановски. 1995.- Руската воена врховна команда беше подготвена да ги насочи своите нуклеарни ракети кон Полска и Чешката Република доколку овие две земји му се приклучат на НАТО. 1995.- Во земјотрес на индонезискиот остров Суматра загинаа најмалку 100 луѓе. 1996.- Во првата јавна посета на Израел, палестинскиот лидер Јасер Арафат разговараше со израелскиот претседател Езер Вајцман во неговата приватна резиденција. 1997.- Советот за безбедност на Обединетите нации спроведе санкции за Сиера Леоне, насочени против воената хунта бо земјата. 1998.- Јапонија и формално и изрази жалење на Јужна Кореја поради 35-годишното колонијално владеење врз Кореја. 2000.- Сириски авион со функционери, лекари и медицински материјали слета во Багдат. По две децении тоа беше првиот лет на авион од Дамаск во главниот град на соседен Ирак. 2001.- Авион на скандинавската компанија SAS, по сударот во густата магла со мал приватен авион, удри во хангар на миланскиот аеродром „Линате“ при што загинаа сите 110 луѓе во авионот. Загинаа и четири луѓе во приватниот авион и четворица аеродромски работници. 2004.- Во Париз умре Жак Дерида, француски филозоф, основач на деструктивизмот. Се смета за најголем француски мислител на 20. век. Роден е во Ел Биар, француски Алжир, на 15 јули 1930 година. 2005.- Во земјотрес со разорна моќ од 7,6 степени според Рихтеровата скала кој ги погоди Пакистан и Индија, животот го загубија околу 75.000 луѓе, а повеќе од 10.000 беа повредени. Денеска е Преподобна Ефросинија. Црквата ги нарекува преподобни оние кои станаа толку слични на Христос пред се со нивната смиреност и љубов, што е тешко да се разликува нивната смиреност од врвната смиреност што ја покажа Христос во Евангелието. Во црковнословенскиот јазик претставката пре- одговара на нашата нај-, а подобна значи слична. Таква најслична на Христос, беше и оваа Ефросинија, родум од Александрија. Уште додека беше млада, го засака девствениот живот, се преоблече во машко одело и се пријави на игуменот на еден манастир, под името Измарагд. После 38 години подвижнички живот, таа му се претстави на Господа и дури тогаш се откри дека одличниот Измарагд е, всушност, оваа блажена Ефросинија.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |
| | |
| Тагови |
| 8ми, октомври |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| 18-ти Октомври | Davor_B | На Денешен ден | 0 | 18-10-2008 01:30 |
| 17-ти Октомври | Davor_B | На Денешен ден | 0 | 17-10-2008 00:40 |
| 13-ти Октомври | Davor_B | На Денешен ден | 0 | 13-10-2008 00:25 |
| 10-ти Октомври | Davor_B | На Денешен ден | 0 | 09-10-2008 23:56 |
| 7-ми Октомври | Davor_B | На Денешен ден | 0 | 07-10-2008 00:36 |