8-ми Август 2001 - Десет војници и припадници на безбедносните сили на Република Македонија загинаа а тројца се повредени во нападот што албанските терористи го извршија врз воениот конвој кај местото Карпалак на патот Скопје - Тетово. 117 - Умре Марко Улпиј Трајан, римски император, по потекло од Шпанија. За време на неговото владеење (98 до 117 година), Римската империја имаше најголема територија и околу 70 милиони жители. 1945 - Со договорот во Лондон меѓу Велика Британија, СССР, САД и Франција, основан е Меѓународниот воен суд за судење на водачите на Третиот рајх на кој му се приклучија и други држави. Судењето на хитлеровите главни соработници почна во Нинберг, во ноември 1945 година и траеше една година. 1969 - Советскиот Сојуз ја лансира автоматската вселенска станица „Зонд-7“ со задача да ја проучува Месечината и пространствата околу неа. 1974 - Под притисок на јавното мислење на САД, претседателот Ричард Никсон и соопшти на јавноста дека на 9 август ќе поднесе оставка поради обвиненијата дека е замешан во аферата „Вотергејт“, која силно го погоди американскиот претседателски систем. Наместо Никсон, американски претседател стана дотогашниот потпретседател на САД Џералд Никсон.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |