7-ми Септември 1764 - Станислав Поњатовски е крунисан за крал на Полска. Тој беше последниот крал во полската историја, а судбината му ја додели и улогата на „гробар“ на полската независност бидејќи кон крајот на 18 век се вмешаа моќните царства Русија, Прусија и Австрија кои ја поделија Полска. Како независна држава Полска е обновена дури во 1918 година. 1822 - Република Бразил доби независност. Беше португалска колонија од 1530 колонија.- Национален празник на Бразил. 1901 - Со мирот во Пекинг заврши таканареченото „Боксерско востание“ во Кина. Тоа беше бунт на селаните и на градската сиромаштија против странските империјалисти и домашните угнетувачи (1899-1900). Востанието го предводеа членовите на тајното здружение „И хе таун“, а беше задушено за заедничка акција на трупите на европските сили, на Јапонија и на САД. 1940 - Авионите на нацистичка Германија го почнаа бомбардирањето на Лондон. Оваа акција беше познато под името „Лондонски блиц“. 1992 - Белорусија ја призна Република Македонија, а истовремено донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји. 1993 - Во Скопје е пуштена во работа меѓународната телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и Република Бугарија, на релацијата Скопје-Софија. 1997 - Во Скопје е отворен првиот „Мекдоналдс“ ресторан во Македонија (во светот има повеќе од 20.000 „Мекдоналдс“ ресторани).
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |