Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Секојдневие > Значајни настани > На Денешен ден

Важни забелешки

На Денешен ден Денеска во историјата

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 07-10-2008, 00:36   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
IRC Operator & Moderator
 
Аватарот на Davor_B
 
Регистриран: Apr 2006
Локација: Кичево,Македонија
Мислења: 1.734
Популарност: Davor_B ја има оневозможено популарноста
Испратете порака преку ICQ до Davor_B Испратете порака преку AIM до Davor_B Испратете порака преку MSN до Davor_B Испратете порака преку Yahoo до Davor_B Испратете порака преку Skype™ до Davor_B
Lightbulb 7-ми Октомври

1571.- Шпанската морнарица кај Лепанта во југозападна Грција ја победи турската флота. Во битката по која Отоманското царство никогаш повеќе не стана голема поморска сила, загинаа најмалку 25.000 Турци, а беа потопени 80 турски бродови.



1849.- Во Балтимор умре Едгар Алан По, северноамерикански поет и раскажувач. Неговата лирика се одликува со меланхоличност и со тага. Автор е на кусите приказни на ужасот „Црна мачка“. Други негови познати дела се „Гавран“, „Абабел Ли“, „Авантурите на Артур Гордон Пим“ и други. Роден е во Бостон, на 19 јануари 1809 година.



1879.- Британските трупи извршија инвазија врз Авганистан, со цел оваа земја да ја стават под британски протекторат. Настанот предизвика две авганистански војни, но дури во 1919 година Британија ја призна независноста на оваа земја.



1885.- Во Копенхаген е роден Нилс Хенрик Давид Бор, дански теоретски физичар, основач на теоријата на структурата на атомот. Учествуваше во научните истражувања што доведоа до производството на атомската бомба. Во 1922 година ја доби Нобеловата награда за физика. Умре во Копенхаген, на 18 ноември 1962 година.


1904.- Умре Димитар Цанко, македонски преродбеник. Тој има најистакната улога во изградбата на историскиот континуитет на македонската културна традиција во југоисточна Албанија. Роден е во селото Бобошница, Корчанско, во 1814 година.



1908.- Прогласена е унија меѓу Грција и Крит.


1910.- Во Дојран е роден Ѓорѓи Абаџиев, македонски писател, еден од најпознатите прозаисти, публицист и историчар. Негови најпознати дела се "Изгрев", "Епопејата на Ножот", "Последната средба", "Арамиско гнездо", "Пустина" и други. Умре во Куманово, на 2 август 1963 година.



1913.- Во Прилеп е роден Илија Николовски - Луј, македонски музички педагог и композитор. Музика учеше во Белград и во Софија, а дипломира на Педагошката академија во Скопје. Умре во Скопје, на 22 октомври 1973 година.


1919.- Основана е холандската авионска компанија КЛМ, најстар постоечки воздушен превозник.


1931.- Роден е јужноафриканскиот надбискуп Дезмонд Туту, борец против апартхејдот, добитник на Нобеловата награда за мир во 1984 година.



1935.- Друштвото на народите ја прогласи Италија за агресор врз Абисинија (Етиопија).


1940.- Германија во Втората светска војна ја окупира Романија со што допре до важните стратешки нафтени полиња.



1944.- Кај селото Смојмирово, Беровско, во борба против германските фашисти загина Ацо Караманов, македонски поет и борец во НОВ на Македонија. Роден е во Радовиш, на 31 јануари 1927 година.



1946.- Во Софија почна траурната церемонија - пренесување на посмртните останки на големиот син на македонскиот народ Гоце Делчев, во главниот град на Народна Република Македонија.



1949.- Прогласена е Демократска Република Германија. Вилхелм Пик беше претседател, а премиер Ото Гротевол. Со тоа Германија беше поделена на две држави. На ова му претходеше прогласувањето на Сојузна Република Германија, на 21 септември 1949 година.



1959.- Советскиот вселенски брод „Луна 3“ прв ја фотографираше темната страна на Марс.


1959.- Умре американскиот оперски пејач и филмски глумец од италијанско потекло Марио Ланца, кој оствари голем број незаборавни оперски улоги. Сними неколку филмови, вклучувајќи го и филмот „Големиот Карузо“.



1969.- НР Кина соопшти дека е постигната согласност за почеток на преговорите со Советскиот Сојуз за граничниот спор.



1981.- Потпретседателот на Египет Хосни Мубарак стана вршител на должноста шеф на државата еден ден по убиството на претседателот Анвар ел Садат, извршено од страна на исламски терористи.


1985.- Палестински терористи во Медитеранот киднапирајќи го италијанскиот патнички брод „Акиле Лауро“ со околу 440 луѓе се заканија дека со експлозија ќе го уништат ако Израел не ослободи од затвор 50 Палестинци.



1985.- Во Скопје умре проф. д-р Христо Андонов-Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот "Кирил и Методиј" во Скопје, долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ. Роден е во Дојран, на 21 септември 1927 година.


1989.- Конгресот на Унгарската социјалистичка работничка партија ја укина партијата која владееше 33 години и наместо неа ја формира Социјалистичката партија на Унгарија.


1991.- Европската заедница и стави ултиматум на Југославија за 24 часа да ги прекине воените дејствија на ЈНА. Во спротивно се закани со економски санкции.



1992.- Советот за безбедност на Обединетите нации ја основа Комисијата за испитување на воените злосторства во Југославија.


1993.- Во Скопје се конституира Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.



1995.- Умре Христо Христоманов, македонски општествено-политички работник и земјоделско-шумарски стручњак. Смртта настана како последица од повредите добиени при атентатот врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров. Роден е во Струмица, на 18 јули 1921 година.



1992.- Германските компании и владата понудија 3,3 милијарди долари компензација на стотина илјади луѓе кои беа приморани на присилна работа во текот на нацистичката ера.



2001.- САД извршија напади врз Авнагистан бидејќи талибанците одбија да го испорачаат арапскиот терорист Осама бин Ланед осомничен за терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон, на 11 септември.



2003.- Амерканскиот филмски глумец од австриско потекло Арнолд Шварценегер е избран за гувернер на Калифорнија, најнаселената држава во САД.


2004.- Во серија експлозии во египетското летовалиште Синај, на границата со Израел, загинаа 35 туристи, а беа ранети 105, повеќето израелски граѓани. Најсилната експлозија беше во Таби, во хотелот „Хилтон“.


2004.- Абдицираше камбоџанскиот крал Нород Сиханук кој ја ослободи земјата од колонија. Него го наследи синот Нород Сихамон.


2004.- Во експлозија на автомобил-бомба во пакситанскиот град Мултан загинаа најмалку 39 луѓе, а преку 100 беа повредени.



2006.- Убиена е познатата руска новинарка Ана Политковска, коментатор на „Нова газета“ и добитник на „Златно перо на Русија“ за 2000 година. Факултетот за новинарство го заврши на „Ломонсовиот“ универзитет во Москва. Работеше во повеќе медиуми, меѓу кои и во дневниот весник „Известија“. Автор е на книгата „Патување во пеколот - Чеченски дневник“. Ана Политковска е добитник и на награда за добротворни цели, како и на награда на Здружението на новинари на Русија.


Денеска е Св. првомаченичка, рамноапостолна Текла.
Родена е во Иконија, Мала Азија, од незнабожечки родители. Современичка е на апостолите. Значи живеела во опрвиот век по Христа. Исто така, таа е една од првите што пострадаа за Христа, па црквата ја дала славата на првомачениците, што ја има. Пострадала бегајќи од некои дрски момчиња кои биле наведени од лекарите и бајачите да ја осквернат оваа девственица по дух и тело. Црквата ја слави оваа девојка, богата со добродетели и како рамноапостолна. Но нејзината биографија се вели дека откако долго се подвизуваше и се излечи самата себе си, ги лечеше и немоќните на другите, на тој начин проповедувајќи го Христа и многумина обрати во христијанството, што е во прв ред апостолска служба.
__________________
"Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing."
Davor_B моментално е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
7ми, октомври

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
18-ти Октомври Davor_B На Денешен ден 0 18-10-2008 01:30
17-ти Октомври Davor_B На Денешен ден 0 17-10-2008 00:40
13-ти Октомври Davor_B На Денешен ден 0 13-10-2008 00:25
10-ти Октомври Davor_B На Денешен ден 0 09-10-2008 23:56
8-ми Октомври Davor_B На Денешен ден 0 07-10-2008 23:58


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 02:00.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 71 72 73 74 75