6-ти Јули 1535 - Во Тауер Грин е погубен Томас Мор, англиски хуманист и државник, писател на социјални, историски и теолошки дела, родоначалник на утопискиот социјализам. Тој одби да го признае кралот за црковен поглавар, па католичката црква го прогласи за светец. Најпознато негово дело е политичко-филозофскиот роман „Утопија“. Роден е во 1478 година. 1885 - Францускиот научник Луј Пастер за првпат ја употреби својата вакцина против беснило. Овој историски потфат беше успешен. 1893 - Умре Ги де Мопасан, француски писател, еден однајдобрите претставници на натурализмот. Напиша шест романи и околу триста новели и раскази. Од романите најпознати се „Еден живот“, „Љубимец“, „Пјер и Жан“, а од збирките раскази и новели „Госпоѓицата Фифи“, „Ловечки приказни“, „Сестрите Рондоли“ и „Страсти“. Роден е на 5.08.1850 година. 1971 - Во Њујорк умре Луј Амстронг, познат под името „Сачмо“, американски некрунисан крал на џезот. Роден е во Њу Орлеанс, на 4.07.1900 година.
__________________ Open mouth, insert foot, echo internationally. |