6-ти Септември 1901 - Во Бафало, во САД е извршен атентат врз американскиот претседател Вилијам Мекенли кој умре по една недела, а на 14 септември истата година Теодор Рузвелт стана нов претседател на САД. 1944 - Ослободено е Кратово. 1944 - Царската влада на Бугарија и објави војна на нацистичка Германија. Одлуката е донесена во моментот кога единиците на Црвената армија веќе дојдоа до бугарската граница. Бугарија дотогаш беше сојузник на Третиот Рајх. 1962 - Во Струга започна првата поетска манифестација Струшки вечри на поезијата. Најзначајната награда на Струшките вечери на поезијата е „Златниот венец“, која за првпат му е доделена во 1966 година на советскиот поет Роберт Иванович Рождественски за најдобра песна. Од 1971 година „Златниот венец“ се доделува за целокупен поетски опус. 1974 - Претставници на Фронтот за национално ослободување на Мозамбик и претставници на португалската Влада склучија спогодба за независност на Мозамбик. 1975 - Во катастрофалниот земјотрес што ја зафати Турција загинаа околу 23.000 луѓе.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |