6-ти Август 1881 - Во Локфилд, Шкотска е роден Александар Флеминг, англиски микробиолог. Во 1928 година, тој откри дека габите на мувлата го спречуваат развитокот на некои микроорганизми. Ова откритие, Флеминг го нарече „пеницилин“, чија масовна примена започна во 1942 година. За откритието, дури во 1945 година, Флеминг доби Нобелова награда за медицина и филозофија. 1900 - Во Битола, во т.н. „Поп-Ставрева афера“, османлиската власт го затвори, а потоа го осуди на робија Даме Груев, еден од водачите на ТМРО. Поради револуционерната дејност во битолскиот затвор, Груев е испратен во Подрум Кале, Мала Азија. Во 1903 година беше амнестиран, а потоа ја продолжи својата дејност. 1932 - Во Венеција, Италија, од 6 до 21 август е одржан првиот филмски фестивал во светот. 1944 - Во селото Рамно, кумановско, Президиумот на АСНОМ донесе решение за формирање на осум поверенства при Президиумот на АСНОМ и за поделба на Македонија на области, околии и општини. 1991 - Во Штип умре Ружа Икономова, македонска артистка и една од основоположниците на повоениот театар. Родена е во 1928 година.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |