5-ти Септември 1568 - Роден е Томазо Кампанела, италијански филозоф, доминиканец. Во делото „Сончева држава“, напишано по примерот на Платон и на Томас Мор го изложи своето сфаќање за идеално општествено уредување како еден вид социјалистичка република. Умре во Париз, во 1639 година. 1585 - Роден е Арман Жан ди Плеси Ришелје, француски државник, кардинал, прв министер на Луј Тринаесетти. Ги сузбиваше заговорите на племството и го зацврствуваше кралскиот апсолутизам. Умре на 4.12.1642 година. 1600 - Со повелба на кралицата Елизабета е основана „Источно-индиската компанија“, со што беа удрени темелите на англиското колонијално владеење. 1919 - Во Струга е роден Владо Малески, македонски револуционер, општествено политички работник и истакнат македонски писател. Автор е на книгите раскази „Ѓурѓина алова“, „Бранувања“, на романите „Она што беше небо“ и „Разбој“. Тој е автор на сценариото на првиот македонски уметнички филм „Фросина“. Умре во Струга, на 23.09.1984 година. 1961 - Во Белград умре Алексо Демниевски-Бауман, македонски борец во Шпанската граѓанска војна (1936-1939) и во НОВ на Македонија во 1944 година. Во Шпанската граѓанска војна беше командант на баталјонот „Ѓуро Ѓаковиќ“, а откако беше унапреден во чин мајор стана командант на интернационалната бригада „Георги Димитров“. Во НОВ на Македонија беше командант на Петнаесеттиот македонски ударен корпус. Роден е во Велес, на 10.09.1905 година. 1997 - Во Калкута, Индија умре Мајка Тереза, скопјанка, основачка на редот на Сестрите на милосрдието, добитник на Нобеловата награда за мир во 1979 година. Родена е во Скопје, во 1910 година.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |