5-ти Август 1850 - Роден е Хенри Алберт Ги де Мопасан, француски раскажувач, претставник на европскиот натурализам и автор на околу 300 новели, шест романи и на неколку други дела. Меѓу многубројните збирки раскази се истакнуваат „Куќата на Телие“, „Раскази и новели“ и „Господин Паран“. Умре на 6.07.1893 година. 1858 - Поставен е првиот трансатлантски кабел со кој се воспоставени телеграфски врски меѓу Канада и Велика Британија. 1884 - На влезот на њујоршкото пристаниште е поставен камен-темелник на Статуата на слободата. 1962 - Во Холивуд умре Мерилин Монро, северноамериканска филмска артистка. Играше во филмовите „Џунгла на асфалтот“, „Нијагара“, „Мајмунска работа“, „Автобуска станица“ и „Седум години верност“. Родена е во Лос Анџелес, на 1.06.1926 година. 1974 - Американскиот претседател Ричард Никсон, предавајќи му ја магнетофонската лента на истражниот судија, јавно призна дека учествувал во прикривањето на аферата „Вотергејт“.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |