4-ти Септември 1837 - Во присуство на поголем број стручњаци, американскиот научник Самјуел Морзе со успех ја демонстрираше работата на својот телеграф. Кон средината на мај во 1844 година веќе беше воспоставена телеграфска врска меѓу Вашингтон и Балтимор, а набрзо телеграфот почнаа да го користат и европските земји. 1944 - Советскиот Сојуз и објави војна на Бугарија која беше сојузник на фашистичка Германија. Три дена подоцна, трупите на маршал Толбукин ги започнаа операциите на Добруџа. 1963 - Во Париз умре Жорж Брак, француски сликар, еден од основачите и главен претставник на кубизмот. Сликаше мртва природа, пејзажи и актови. Тој изврши големо влијание врз современото сликарство. 1965 - Во Ламбаране, во Габон, умре Алберт Швајцер, познат француски хуманист, лекар, филозоф и музичар. Ос 1913 година работеше како лекар -мисионер во организирањето на здравствената служба во екваторијална Африка. Во 1952 година ја доби Нобеловата награда за мир. Роден е во Крајзерберг, на 14.01.1875 година. 1989 - Во Лозана, Швајцарија, умре Жорж Симеон, белгиски писател, „татко“ на познатиот инспектор Мегре. Напиша повеќе од 500 книги, вклучувајќи ги и романите и автобиографските дела. Главен јунак во осумдесеттина негови книги е инспекторот Мегре за кој се снимени повеќе од 60 филмови. Роден е во 1903 година. 1991 - Умре Димче Мире, еден од основоположниците на архивската служба во Македонија. 1996 - Во Народната банка на Република Македонија се промовирани новите македонски пари, со нов дизајн, кои беа пуштени во оптек на 8.09.1996 година.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |