4-ти Август 1890 - Во Загреб умре Иван Мажураниќ, хрватски поет, борец против насилството. Автор е на прочуениот еп Смртта на Смаил-ага Ченгиќ. Роден е во Нови Винодолски, на 18.08.1814 година. 1936 - Генералот Јоанис Метаксас прогласи фашистичка диктатура во Грција. Режимот ја забрани употребата на македонскиот јазик и истовремено изврши апсење на голем број Македонци, поради изразување на националните чувства. 1944 - Во Амстердам, Холандија фашистичката полиција се упати во тајното засолниште на еврејското семејство Франк, го уапси и го одведе во концентрационен логор. Меѓу уапсените беше и 15-годишната Ана Франк, која со својот Дневник остави еден од најпотресните напишани документи за човековите страдања во Втората светска војна. Дневникот на Ана Франк се изведува на многу театарски сцени во светот, а според него е снимен и филм. 1984 - Во Женева, Швајцарија умре Ричард Волтер Џеникс Бартон, великан на седмата уметност, прочуен британски артист. Роден е во Пантрихидифен, Јужен Велс, на 10.11.1925 година. 1993 - Исламската Република Иран ја призна Република Македонија.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |