31-ви Јули 1483 - Големиот шпански морепловец Кристифор Колумбо, на своето трето патување во новиот свет, го откри островот Тринидат, а потоа првпат стапна на брегот на Јужна Америка. 1784 - Во Париз умре Дени Дидро, француски филозоф, енциклопедист, критичар на религиозниот морал и носител на просветителската мисла од предреволуционерна Франција. Со своите дела значителни влијаеше врз расположението на граѓаните во борбата против феудалниот и апсолутистичкиот режим. Главни негови дела се „Писма на слепите“, „Разговор на Даламбер и Дидро“, „Мисли на толкување на природата“. Роден е на 5.10.1713 година. 1886 - Во Баварија умре Франц Лист, унгарски пијанист и композитор, музичар со романтичарско определување и предводник на германската школа. Тој беше пијанистички виртуоз, кој изгради модерна техника и нов звучно брилијантен клавирски стил. Зад себе остави симфониски поеми, низа камерни дела за оргули и вокални дела. Роден е во Доборјан, на 22.10.1811 година. 1964 - Американската вселенска сонда „Ренџер 9“ ги емитува на Земјата првите снимки од темната страна на Месечината. Овој успех научниците го оценија како најголем домет на астрономијата по Галилеј.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |