30-ти Јули 1619 - Во Џемстаун, во Вирџинија, САД, се одржа првото колонијално преставничко Собрание. Овој град е прво населено место во новиот свет каде првите англиски доселеници пристигнаа во 1607 година. 1863 - Роден е Хенри Форд, производител и конструктор на автомобили, кој придонесе за брзиот развој на автомобилизмот во светот. Умре во 1947 година. 1898 - Во Кастелфорд е роден Хенри Мур, британски вајар, главен претставник на апстрактниот правец во европското вајарство. Под влијание на Пикасо и на Бранкуси, секогаш се стремеше кон синтеза на апстракните облици со надреалистички психолошки истражувања. Умре на 31.08.1986 година. 1971 - Астронаутите на „Аполо 15“, Дејвид Скот и Џејмс Ирвин се спуштија на Месечината. 1974 - Турција, Грција и Велика Британија потпишаа спогодба за прекин на огнот на Кипар. 1975 - Во Хелсинки почна Конференцијата за европска безбедност и соработка (КЕБС), на која присуствуваа државници од 35 земји. Целта на Конференцијата беше да се осигури мирот во Европа.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |