30-ти Август 1489 - Роден е Антонио Алегри Кореџо, италијански сликар, еден од творците на барокното сликарство. Сликаше религиозни и митолошки теми, а важна особина на неговото сликарство е разнежената сензуалност, декоративноста и чувството за односот на светлото и темното. Умре на 6.03.1543 година. 1533 - Последниот владател на големото царство на Инките на подрачјето на денешно Перу, Атахуалпа, беше обесен откако падна во рацете на шпанските конквистадори. По убиството на Атахуалпа, шпанските одреди непречено крстосуваа и го освојуваа царството. 1721 - Со склучувањето на Ништанскиот мир меѓу Шведска и Русија по завршувањето на Северната војна (1700-1721 г.), Русија доби пространи територии на Балтикот од Финскиот до Ришкиот Залив со градовите Рига, Равела и Нарва. 1748 - Во Париз е роден Жан Луј Давид, француски сликар, основач и главен претставник на класицизмот. Беше член на Конвентот и дворски сликар на Наполеон. Сликаше историски композиции и портрети. Умре во Брисел, на 29.12.1825 година. 1918 - Во екот на офанзивата на здружените сили на внатрешната и на меѓународната контрареволуција против Советска Русија извршен е атентат врз Ленин за време на неговата посета на Михелсоновата фабрика. По атентатот советското водство донесе одлука за воведување на „црниот терор“ над контрареволуционерната буржоазија и на нејзините агенти. 1922 - Силите на основачот на модерна Турција Кемал Ататурк однесоа решавачка победа над интернационалистичките западни сили. По тој повод овој датум се прославува како национален празник на Република Турција. 1990 - Во селото Радишани, скопско, се поставени и осветени темелите на манастирот „Свети Наум Охридски“.
1994.- Во Скопје е отворен Информативниот центар на Јапонија.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |