3-ти Јули 1883. - Во Прага е роден Франц Кавка, австриски писател. Негови најпознати дела се романите: „Процес“, „Америка“, „Замок“ и расказите „Преобразба“ и „Селски лекар“. Умре во Виена, на 3.06.1924 година. 1894. - Француските трупи и покрај херојскиот отпор на Џузепе Гарибалди и на неговите борци влегоа во Рим и на чело на Римокатоличката црква го вратија папата Пио Деветти. 1949. - Во Скопје, во Македонскиот народен театар е изведена премиерата на операта „Продадена невеста“ од чешкиот композитор Беджик Сметана, а под диригенство на Трајко Прокопиев. 1962. - По 132 години француска колонијална власт, Алжир се здоби со целосна независност. 1972. - Индија и Пакистан постигнаа спогодба за прекин на 25-годишната конфронтација. 1992. - На Попова Шапка е осветен и поставен камен-темелникот на градбата на манастирскиот комплекс посветен на Свети Наум Охридски-Чудотворец.
__________________ Open mouth, insert foot, echo internationally. |