3-ти Септември 1900 - Во Струга е роден Ристо Крле, македонски драмски писател. Неговото дело претставува трајна вредност на македонската литература. Заедно со Васил Иљоски и Антон Панов, меѓу двете светски војни го оживеа драмскиот жанр во македонската литература. Негови познати дела се „Парите се отепувачка“, „Антица“, „Милиони маченици“, „Автобиографија“ и „Велик ден“. Умре во Скопје, на 29.10.1975 година. 1921 - Во Куманово е роден Христијан Тодоровски - Карпош, народен херој на Македонија. Во 1941 година учествуваше во собирањето на оружје, разнесување на летоци и на билтенот „Дедо Иван“, што го издаваше градската партиска организација. Исто така, учествуваше во подготовките на Првиот кумановски НОП одред. Беше член на Штабот на Кумановскиот партизански одред. Загина при нападот на бугарската војска во селото Билјача, на 7.02.1944 година. 1943 - Во Сиракуза, во Италија е потпишано примирје меѓу сојузниците и италијанската Влада на маршал Бадолјо. Пет дена подоцна, Италија капитулира. 1997 - Кај селото Жидилово, кај Крива Паланка во Република Македонија пристигна природниот гас.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |