29-ти Јуни 1798. - Во Реинати е роден Џакомо Леопарди, еден од најголемите италијански поети. Неговата поезија е израз на неговиот песимистички став кон човековото битисување. Во стих и во проза, тој создаде силен и помодерен јазичен израз. Главни негови дела се „Песни“ и „Дијалози и есеи“. Умре во Неапол, на 14.06.1837 година. 1917. - Кралството Грција ги раскина односите со Централните сили и застана на страната на Антантата. На таа одлука и претходеше истоварувањето на сојузничките трупи, што го забрза падот во прогерманската влада во Атина. 1939. - Извршен е првиот комерцијален лет преку Атлантикот. Авионот „Диск Клипер“ долета од САД на аеродромот во Лисабон, Потугалија. 1945. - Кај Радовиш, во сообраќајна несреќа загина Чеде Филиповски-Даме, народен херој на Македонија. Роден е во селото Никифорово, гостиварско, на 16.11.1923 година. 1990. - Од Ленинград во Скопје донесени се моштите на Димитрија Чуповски (македонски политичар, патриот, просветител, историчар, картограф, новинар...) и се положени во црквата „Свети Спас“.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |