28-ми Август 1749 - Во Франкфурт на Мајна е роден Јохан Волфганг Гете, германски писател и учесник на многу книжевни струења и правци, но никогаш не се придружи на ниту еден од нив. Светско признание стекна со драмскиот еп „Фауст“. Историско-критичкото издание на неговите целокупни дела опфаќа 143 тетратки. Познати негови дела се романот „Страданијата на младиот Вертер“, драмите „Егмонт“, „Ифигенија на Таврида“ и „Торквато Тасо“ и епот „Херман и Доротеја“. Умре во Вајмар, на 22.03.1832 година. 1851 - Во Поњане, кај Шкофја Лока, е роден Иван Тавчар, словенечки писател и политичар. Се смета за еден од најпознатите раскажувачи на романтичарскиот правец. Во некои дела се приближува и кон реализмот. Познати негови дела се: „Мртви срца“, „Меѓу горите“, „Бисошка хроника“ и „Цвеќе на есен“. Умре во Љубљана на 19.02.1923 година. 1929 - Рударите од рудникот Лојане, кумановско, стапија во штрајк. Поради тоа овој ден е прогласен за Ден на рударите на Македонија. 1991 - Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“, излезе првиот број на неделниот спортски магазин „Скок“. 1996 - Во Битола, на празникот Успение на Света Богородица проработи првото црковно радио на подрачјето на Преспанско-пелагониската епархија. 1996 - На православниот христијански празник Успение на Света Богородица, во црквата „Света Богородица“, кај Берово, од громовите што удрија во масата 10-15 илјади луѓе, загинаа девет лица, а 40-мина беа повредени.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |