27-ми Јуни ... 1574. - Во Фиренца умре Џорџо Вазари, италијански сликар, архитект и писател, еден од основачите на историјата на уметноста. Неговите биографии на италијанските уметници меѓу 13-тиот и 16-тиот век претставуваат главен извор за проучување на италијанската уметност во тоа време. Роден е во Аредо, на 30.07.1511 година. 1858. - Со мирот во Тенцин заврши Кинеско-англиската војна. Кина беше принудена на англиските бродови да им отвори свои пристаништа и да ја легализира трговијата со опиум. 1941. - Унгарија и Финска му објавија војна на Советскиот сојуз. 1966. - Во Тананарива, главен град на Малгашката Република, е основана Заедничка африканска и малгашка организација (ОЦАМ). Организацијата е основана од 14 африкански држави. 1977. - Официјално престана да постои прекуокеанската територија Афар и Иса која стана независна Република Џибути (држава во североисточна Африка). 1995. - Република Македонија и Монголската народна Република воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |