27-ми Август 1576 - Од епидемијата на чума што ја зафати Венеција умре Тицијан Вечели, прочуен италијански сликар, основач на Венецијанската сликарска школа. Автор е на голем број слики кои претежно ги прикажуваат животот и обичаите на Венецијанската Република. Роден е меѓу 1487 и 1490 година. 1910 - Во Скопје е родена Мајка Тереза (Гонџа Бојаџиу), врховен поглавар на католичкиот женски ред „Мисионерки на љубовта“, организација распространета во 90 земји во светот. Во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир, а во 1992 година Специјалната награда на УНЕСКО за мир и образование. Мајка Тереза е една од најпознатите мисионерки и добродетелки во светот. Таа умре во 1997 година во 88-та година од животот. 1916 - Во Белград умре Петар Кочиќ, еден од најистакнатите писатели на српскиот реализам. Пишуваше песни, проза и сатира. Расказите му се одликуваат со силно чувство за животот на подјармениот босански селанец. Во сатирите остро ги критикува приликите во босанското село под австриска окупација. Негови најзначајни дела се „Јазовецот пред суд“, „Суданија и други“. Роден е во селото Стричиќи, кај Бања Лука, на 29.06. 1877 година. 1945 - По објавувањето на јапонската капитулација американските трупи почнаа да се истоваруваат на територијата на поразената Јапонија. Првите единици се истоварија на аеродромот Ачуга, а потоа флотата од 383 воени бродови во придружба на 1.300 авиони впловија во Токискиот Залив. Тоа беше првпат Јапонија да капитулира. 1995 - Во Тетово умре Кочо Тулевски, истакнат македонски општествено- политички работник. Роден е во 1921 година.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |