26-ти Јули 1926 - Во Софија, умре Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, дипломат, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата „За македонцките работи“. Роден е во Ениџе-Вардарска околија, Солунска област, на 18.11.1874 година. 1963 - Катастрофален земјотрес го разурна главниот град на Република Македонија - Скопје. Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе, 2.900 беа повредени, а беше уништен или оштетен 4/5/од стамбениот фонд. Веста за земјотресот, што го зафати Скопје брзо се рашири низ целиот свет, кој покажа голема солидарност. 1996 - Република Македонија стана потписничка на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства и потписничка на повелбата на Советот на Европа за регионални или малцински јазици. 1996- Република Македонија и Европската унија потпишаа рамковна спогодба за соработка на Република Македонија во Европската унија. 1996 - Пристигна првиот американски амбасадор во Република Македонија, а тоа е Кристофер Хил.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |