Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Секојдневие > Значајни настани > На Денешен ден

Важни забелешки

На Денешен ден Денеска во историјата

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 26-09-2008, 00:25   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
IRC Operator & Moderator
 
Аватарот на Davor_B
 
Регистриран: Apr 2006
Локација: Кичево,Македонија
Мислења: 1.734
Популарност: Davor_B ја има оневозможено популарноста
Испратете порака преку ICQ до Davor_B Испратете порака преку AIM до Davor_B Испратете порака преку MSN до Davor_B Испратете порака преку Yahoo до Davor_B Испратете порака преку Skype™ до Davor_B
Lightbulb 26-ти Септември

1580.- Англискиот морепловец Френсис Дрејк вплови во пристаништето во Плимут, завршувајќи ја после 33 месеци пловидбата околу светот како прв Англичанец на кој тоа му успеа.



1604.- По многу одложувања, црковните власти во Шпанија дозволија да се печати делото на големиот шпански писател Мигуел де Сервантес "Дон Кихот".



1815.- Во Париз, Русија, Австрија и Прусија склучија сојуз - Света алијанса заради задушување на револуционерните движења во Европа и зачувување на Виенскиот договор со кој е прекроена картата на Европа.



1888.- Роден е англискиот писател од американско потекло Томас Стренс Елиот, добитник на Нобеловата награда за литература во 1948 година. Познати дела: „Собрани песни“, „Собрани есеи“.



1889.- Роден е Мартин Хајдегер, главен претставник на егзистецијализмот во Германија. Изврши големо влијание врз современите филозофи на егзистенцијализмот. Негови најпознати дела се "Битие", "Кант и проблемот на метафизиката" и "Што е метафизика". Умре во 1976 година.



1892.- Во Москва е родена Марина Иванова Цветаева, руска писателка, една од најголемите поетеси во историјата на поезијата. Познати се нејзините збирки песни „Вечерен албум“, „Волшебниот фенер“, „Разделба“, „Занает“, „Стихови за Блок“, како и драмите „Жандарм херц“, „Виулица“, „Камениот ангел“ и „Феникс“. Умре на 31 август 1941 година.



1898.- Во Берклин е роден Џорџ Гершвин, голем американски композитор, пијанист и музичар. Користејќи елементи од црнечкиот фолклор, успешно ги спои ритмичките и мелодиските карактеристики на џезот во формите на уметничката музика и со тоа придонесе за создавање на специфичниот северноамерикански музички израз. Негови најпознати дела се оперите "Порги и Бес", симфониската поема "Американец во Париз", "Рапсодија во сино". Умре во Холивуд, на 11 јули 1937 година.



1908.- Во Битола, на иницијатива на македонскиот социјалист Васил Главинов е формирано Работничкото друштво „Класно сознание“. Покрај силната пропагандна активност за демократизација на земјата и за правилна ориентација на пролетерските маси спрема политичките настани, друштвото особено се залагаше за создавање на нови социјалистички организации.



1917.- Во Париз умре Едгар Дега, француски сликар, графичар и вајар. Се смета за еден од најголемите сликари на неговото време. Во почетокот беше реалист, а подоцна се доближи до импресионизмот, работејќи исклучиво фигури во ентериер. Беше виртуозен цртач, а особено го интересираше разновидноста на движењата. Познат е неговиот циклус цртежи и слики на балерини. Роден е во Париз, на 19 јуни 1834 година.



1942.- Во логорот Ени Кој, Тракија, умре Коста Веселинов, македонски револуционер, публицист и новинар. Особено е познат по издигнувањето на националната свест кај Македонците во Пиринска Македонија и сред македонската емиграција во Бугарија. Роден е во селото Бобошево, Станкедимиторвско, Пиринска Македонија, во 1908 година.


1949.- Во Рајзан е роден Иван Петрович Павлов, руски физиолог, добитник на Нобеловата награда за физиологија и медицина во 19004 година како признание за неговата работа посветена на физиологијата на варењето на храната... Умре во Санкт Петербург, на 27 февруари 1936 година.


1959.- Умре цејлонскиот државник Соломон Бандеренајке, премиер на Цејлон од 1956 година и водач на Партијата на слободата, врз кого претходниот ден во Коломбо пукал еден будистички калуѓер. Се школувал во Оксфорд.


1969.- Во Боливија армијата под водство на генералот Алфред Ованда Кандиа го собори претседателот Силес Салинас.


1970.- Во Битола умре Пецо Божиновски, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во Битола, на 15 јануари 1920 година.



1976.- Во Цирих, Швајцарија, умре Леополд (првобитното име му е Лавослав) Ружичка, швајцарски хемичар од словачко потекло. Добитник е на една половина од Нобеловата награда за хемија во 1939 година за изучувањето на сексуалните хормони. Втората половина од наградата ја доби германскиот биохемичар Адолф Бутенант. Роден е во Вуковар, Хрватска, на 13 септември 1887 година.


1983.- Во Париз умре Тино Роси, еден од најпопуларните француски интерпретатори на забавната музика. Има снимено околу 2.000 песни. Негов најпознат хит е „Малиот Дедо Мраз“, продаден во 30 милиони примероци. Роден е во Ајачио, Корзика, во 1907 година.



1984.- Лондон и Пекинг се договирија за враќањето на Хонконг во 1997 година под суверенитет на Кина.



1989.- Виетнам ги повлече трупите од Камбоџа, кои во Камбоџа беа од крајот на 1978 година, оставајќи ги силите на владата на Хун Сен сами да се борат против маоистичката герилска организијација „Црвени Кмери“.


1990.- Во Рим умре Алберто Моравија, еден од најголемите современи писатели не само во Италија, туку и во Европа. Негови најпознати романи се "Рамнодушни", "Маскирана" и други. Роден е во Рим, на 28 ноември 1907 година.



1993.- Во селото Доверзенце, Кумановско, е осветена новоизградената црква "Свети Ѓорѓи".



1993.- Во Виница е отворен Првиот фестивал за хумор, сатира и карикатура во Република Македонија, наречен "Ин Виница веритас".


1994.- Алжирските безбедносни сили го убија шефот на најсилната исламска терористичка организација ГИА Шериф Гузми, познат како Абу Абдал.



1995.- Почна судењето на поранешниот премиер на Италија Џулио Андреоти. Тој беше седум пати премиер, а беше обвинет за блиски врски со мафијата и вмешаност во убиства.



1997.- Земјотрес во централна Италија усмрти 11 луѓе и тешко ја оштети средновековната базилика Свети Фрањо Асиси во Асизија.



2000.- Грчкиот ферибот „Експрес Самин“ налета на подводен гребен кај островот Парос. Фериботот потона за само 20 минути, усмртувајќи 72 од повеќе од 500 луѓе на бродот.



2002.- Потона сенегалскиот ферибот „Ла Жола“ во невреме во близина на брегот Гамбиј. Од вкупно 1.836 патници, само 64 успеаја да се спасат.



2005.- Независна меѓународна комисија за разоружување соопшти дека под нејзин надзор заврши целосното разоружување на Ирската републиканска армија (ИРА), со што е ставен крај на 30-годишната вооружена кампања на оваа католичка организација против британските власти во Северна Ирска.



2007.- Најмалку 60 работници загинаа, додека околу 100 се водат за исчезнати, по урнувањето на конструкцијата на мостот во изградба, 170 километри јужно од Хо Ши Мин на реката Хау. Причината за паѓањето на мостот, долг 2,75 километри, не е позната. гв/нс/00:00


Денеска е Св.свештеномаченик Корнилиј (Препразненство на Крстовден).
Тој беше Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Беше прв од незнабожците кои и пристапија на Божјата црква. Откако се крсти Корнилиј остави се и тргна по апостолот Петар. Овој апостол подоцна го постави за епископ и го испрати во незнабожечкиот град Скипсеосис, каде што Свети Корнилиј претрпе многу бесчестења и мачења заради Христа, но со сила Божја го урна храмот на Аполон и го крсти кнезот на тој град, Димитриј, 277 незнабожци. Откако беше известен од Бога за денот на својата смрт, тој ги повика сите христијани, ги посоветува, се помоли на Бога за нив и мирно се претстави кај Господ во својата чесна старост. Со време го заборавија неговиот гроб и стана запуштен. Но, светителот му се јави на Троадскиот епископ Силуан и му јави за својот гроб, со заповед таму да се подигне црква. Епископот го изврши тоа со помош на богатиот граѓанин Евгениј.
__________________
"Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing."
Davor_B моментално е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
26ти, септември

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
30-ти Септември Davor_B На Денешен ден 1 30-09-2008 12:31
18-ти Септември Davor_B На Денешен ден 0 18-09-2008 00:15
16-ти Септември Davor_B На Денешен ден 0 16-09-2008 00:10
15-ти Септември Davor_B На Денешен ден 0 15-09-2008 00:10
12-ти Септември Davor_B На Денешен ден 0 12-09-2008 00:01


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 02:01.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 71 72 73 74 75