26-ти Август 1936 - Постигната е спогодба за окончување на британската окупација на Египет, со исклучок на зоната на Суецкиот Канал. 1972 - Отворени се Дваесеттите олимписки игри во Минхен, Германија кои во историјата, освен по спортските резултати, ќе останат забележани и поради нападот на припадниците на организацијата „Црн септември“ на олимпиското село и поради убиството на 11 израелски спортисти. Во знак на одмазда на 10 септември Израел го нападна Либан и Сирија, предизвикувајќи голем број жртви меѓу цивилите. 1945 - Во Битола бегалците од Егејска Македонија излегоа на протестен митинг со барање да престане теророт и прогонот на Македонците спроведуван од страна на грчките власти. 1974 - Умре Чарлс Линберг, американски авијатичар кој прв со моторен авион го прелета Атлантикот на 20 и 21 мај во 1927 година. Тој посета од Њујорк и се спушти во Париз, прелетувајќи 5.836 километри за 33 часа и 32 минути. Роден е во 1902 година.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |