25-ти Јули 1925 - Во Скопје е родена Невена Георгиева Дуња, млада македонска партизанка во НОВ. Кај селото Папрадиште, титовелешко, велешкиот партизански одред Димитар Влахов беше нападнат од бугарската полиција. Невена Георгиева, која се бореше во првите борбени редови на својот одред, на 6.12.1942 година беше смртно погодена. 1945 - Со одлука на Европската консултативна комисија, Германија во периодот до склучувањето на мировниот договор е поделена на четири зони: источна-советска, северозападна-британска, југозападна-американска и западна-француска. Таа поделба подоцна доведе до формирање на двете германски држави. 1984 - Советскиот космонаут Светлана Савитцкаја стана првата жена која излегла надвор од бродот во вселената и првата жена во историјата на освојувањето на вселената која два пати била во нејзиното пространство. 1987 - Во Скопје умре Крсто Симовски, учесник во НОВ, истакнат општествено-политички работник, основач и прв директор на Институтот за овоштарство на Македонија.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |