24-ти Јуни 1861. - Во Загреб излезе од печат Зборникот на народни песни, епохално дело на браќата Димитар и Константин Миладиновци, македонски преродбеници во 19 век. Зборникот стана поетски учебник за идните генерации македонски писатели. Обајвувањето на Зборникот го овозможи познатиот хрватски бискуп, Јосип Јурај Штросмаер. 1864. - Во Париз е роден Анри де Тулуз Лотрек, француски сликар, голем мајстор на литографијата, чии омилени мотиви беа личностите и настаните од ноќниот живот на Монпарнас, во Париз. 1975. - Меѓународната организација на трудот во Женева, ја усвои Конвенцијата за работниците-емигранти. Конвенцијата предвидува обврска на сите земји-членки да ги почитуваат основните човекови права на сите странски работници на работа во нивното стопанство и да обезбеди еднакви можности за вработување, социјално осигурување и индивидуални и колективни слободи.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |