24-ти Јули 1908 - Турција е прогласена за уставна монархија. Овој датум се зема како Ден на победата на Младотурската револуција. 1923 - Грција, Турција и сојузничките сили во Првата светска војна ја потпишаа Лозанската декларација, врз основа на која е извршено принудно иселување на христијанското население од Турција во Грција и на муслиманското население од Грција во Турција, со што во голема мера е изменет националниот состав на Егејска Македонија. 1946 - Во Пацификот, во близина на островот Бакини, САД ја извршија првата подводна атомска експлозија. 1957 - Во Прилеп умре Методија Андонов - Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ, за вистината на Македонија. Во 1946 година со пресуда на Окружниот суд во Скопје, осуден е според Законот за кривични дела против народот и државата. Умре како маченик. Роден е во Прилеп, на 17.08.1902 година.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |