22-Јули во ... 1805. - Во Џенова е роден Џузепе Мацини, италијански револуционер и демократ. Во 1831 година во Марсеј, Франција го основа револуционерното здружение „Млада Италија“. Учествуваше во борбите за обединување на својата земја и до крајот остана верен на републиканските начела, протестирајќи против обединувањето на Италија врз монархистички основи. Умре на 10.03.1872 година. 1907. - Во Рим е роден Алберто Моравија, италијански писател. Најпознати негови дела се „Рамнодушни луѓе“, „Конформист“, „Римјанка“, „Презир“, „Чочара“ и „Римски приказни“. Умре во Рим, на 26.09.1990 година. 1941. - Во раните утрински часови, Хитлерова Германија го нападна Советскиот Сојуз. Копнените и воздушните борби го зафатија целиот фронт од Црно Море до Балтичко Море, со содејство на околу 200 пешадиски и механизирани нацистички дивизии определени за секавична војна. 1976. - Во Долниот дом на канадскиот Парламент е изгласано укинување на смртната казна.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |