22-ри Јули 356 г.п.н.е. - Во Пела е роден Александар Македонски, една од најпознатите личности на стариот век, војсководец и државник. Го порази огромното персиско царство и во своите походи стигна се до Индија. Умре во Вавилон, на 13.06.323 година п.н.е. 1908 - Младотурците ја презедоа власта во Битола и ги ослободија сите затвореници. 1933 - Американскиот авијатичар Вили Пост го изведе првото самостојно летање со авион околу Земјината топка. 1948 - Во Скопје, со одлука на Владата на Народна Република Македонија, е основан Институт за национална историја. 1962 - Пропадна првиот американски обид за лансирање автоматска сонда на Венера. Ракетата лансирана од Кејп Канаверал на Флорида ја промени насоката и по неколку минути експлодира.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |