21-ви Јули 1542 - Папата Павле Втори донесе одлука за основање на инквизиција во Рим. 1798 - По победата на битката кај пирамидите, Наполеон Бонапарта стана владетел на Египет. 1898 - Во Оук Парк, во државата Илиноис, е роден Ернест Милер Хемингвеј, американски писател. Учесник е во Првата светска војна, во Шпанската граѓанска војна и во Втората светска војна. За романот „Старецот и морето“ во 1954 година ја доби Нобеловата награда за литература. Изврши самоубиство во својата куќа во Кечам, во американската сојузна држава Ајдахо, на 2.07.1961 година. 1962 - Со решение на Извршниот совет на НР Македонија, името на Радио Скопје е променето во Радио-Телевизија Скопје. 1984 - Во Скопје умре Живко Фирфов, македонски етномузиколог, педагог, диригент и музички деец. За својата богата музичка активност има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои и почесен доктор на Географското здружение од Колумбија, САД, во 1955 година. Роден е во Велес, на 20.11.1906 година.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |