20-ти Јуни 1527. - Во Фиренца умре Николо Макијавели, италијански политичар, дипломат, воен стручњак, поет и комедиограф. Во своите расправии ги постави темелите на првата граѓанска теорија на државата. Негови најпознати дела се „Владетел“, „Историја на Фиренца“, „За воената вештина и комедиографијата „Мандрагола“. Роден е во Фиренца, на 3.05.1469 година. 1933. - Во Архангелское, кај Москва, умре Клара Цеткин, познат политички работник на германското и на меѓународното социјалистичко движење, писателка и публицистка. Родена е на 5.07.1857 година. 1936. - По повод организираниот штрајк на македонските градители, овој датум е прогласен за Ден на градежните работници на Македонија. 1963. - САД и Советскиот Сојуз постигнаа спогодба за воспоставување на „црвен телефон“, меѓу Москва и Вашингтон. Директна линија е воспоставена по кубанската криза заради итни консултации меѓу шефовите на двете супер-сили во критични ситуации. 1979. - Во издание на НИП „Нова Македонија“, Редакција „Вечер“, излезе првиот број на енигматскиот забавник „Котелец“. 1996. - Во Брисел, Република Македонија и Европската унија, со размена на писма го прифатија текстот на Спогодбата за соработка.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |