Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Секојдневие > Значајни настани > На Денешен ден

Важни забелешки

На Денешен ден Денеска во историјата

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 20-09-2008, 00:29   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
IRC Operator & Moderator
 
Аватарот на Davor_B
 
Регистриран: Apr 2006
Локација: Кичево,Македонија
Мислења: 1.734
Популарност: Davor_B ја има оневозможено популарноста
Испратете порака преку ICQ до Davor_B Испратете порака преку AIM до Davor_B Испратете порака преку MSN до Davor_B Испратете порака преку Yahoo до Davor_B Испратете порака преку Skype™ до Davor_B
Lightbulb 20-ти Септември

331 п.н.е - На реката Тигар, во Месопотамија, војската на Александар Македонски се судри со главнината на персиската војска на царот Дариј. Персијците имаа околу милион војници, а Александар Македонски помалку од 50.000. Александар Македонски воспостави власт во Персија.


1519 - Португалскиот морепловец Фернандо Магелан во служба на шпанскиот крал Карло Петти, од Сан Лукар во Шпанија со својата експедиција од пет бродови тргна на пат околу светот со цел да го открие западниот пат за Индија и во освојување на колонии за шпанската династија. Во 1520 година ги испита југоисточните брегови на Јужна Америка го откри според него наречениот Магеланов Проток и преку него помина во океанот кој го нарече Тихи (Пацифик). Загина на Филипинските Острови во борба против домородците, на 27.04.1521 година. Другиот дел од експедицијата се врати во Шпанија. Така беше докажано дека Земјата е тркалезна и дека новите краишта што ги откри Колумбо не се дел од Индија, туку посебен континент.


1878 - Роден е Аптон Синклер, северноамерикански писател и публицист, борец за социјални права и за мир во светот. Меѓу најпознатите негови дела се „Џунгла“, „Џими Хигинс“ и „Крај на светот“. Умре 26.11.1968 година.


1963 - Американскиот претседател Џон Кенеди на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации предложи заедничка советско-американска експедиција на Месечината.


Денеска е Св. маченик Созонт.
Созонт беше родум од Ликаонија. Беше овчар, а во верата искрен и длабок. Во неговото време во градот Помпеопол започна жесток прогон на христијаните, под надзор на киликискиот хегемон Максимијан. Во истото време Созонт појде во Помпеопол, влезе во еден незнабожечки храм каде што се наоѓаше еден златен идол, му ја откина раката и златните парчиња им ги раздаде на сиромасите. Во градот настана голема тревога. А Созонт не сакаше некој друг да пострада поради неговото дело, па самиот отиде и му се откри на хегемонот. Овој нареди да го стават на маки. А откако претрпе се, го фрлија во оган, каде што ја предаде својата света душа на Бога. Пострада во 304 година.
__________________
"Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing."
Davor_B моментално е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
20ти, септември

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
30-ти Септември Davor_B На Денешен ден 1 30-09-2008 12:31
18-ти Септември Davor_B На Денешен ден 0 18-09-2008 00:15
16-ти Септември Davor_B На Денешен ден 0 16-09-2008 00:10
15-ти Септември Davor_B На Денешен ден 0 15-09-2008 00:10
12-ти Септември Davor_B На Денешен ден 0 12-09-2008 00:01


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 01:43.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 71 72 73 74 75