20-ети Јули 1304 - Во Арецо е роден Францеско Петрарка, голем лирски поет на италијанската предренесанса. Се смета за основач на модерната европска поезија. Светска слав стекна со делото „Канцониер„- зборник од 366 сонети, канцони и мадригали. За епот „Африка“ доби „Ловоров венец“. Умре во Арква, во близина на Падова, на 18.07.1374 година. 1913 - Во борба против една грчка единица, загина Васил Чекларов, македонски војвода од Костурско. 1919 - Роден е сер Едмунд Хилари, новозеландски офицер и истражувач, учесник во хималајските и во поларните експедиции. На 29.05.1953 година, со Непалецот Норкај Тенсинг се искачи на највисокиот хималајски врв Монт Еверест. 1969 - Лунарното возило „Орел“ на американскиот вселенски брод „Аполо 11“, со космонаутите Нил Амстронг и Едвин Олдрин, се упати на површината на Месечината, додека Мајкл Колинс го продолжи кружењето околу Месечевата орбита со матичниот брод „Аполо 11“.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |