2-ри Јули во Историјата 1778. - Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо, француски писател и филозоф-просветител. Негови познати дела се „Расправа за науката и уметноста“, „Емил“ и „Општествен договор“. Роден е во Женева, на 28.08.1712 година. 1860. - На брегот на Јапонското Море близу до Корејската граница се удрени темелите на рускиот град Владивосток, големо пристаниште и крајна станица на Транссибирската железница, како и важна поморска и воздухопловна база. 1877. - Роден е Херман Хесе, германски писател. Познати му се романите „Игра со стаклени перли“, „Демијан“, „Сидарта“ и „Степскиот волк“. Во 1946 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре на 9.08.1962 година. 1881. - Во Вашингтон е извшен атентат врз претседателот на САД, Џемс Гарфилд, кој од здобиените рани умре на 19.09.1881 година. 1961. - Во државата Охајо, во САД, во својата куќа изврши самоубиство Ернест Хеминвеј, американски писател. За романот „Старецот и морето“ во 1954 година доби Нобелова награда за литература. Роден е во Ок Парк, во државата Илиноис, на 21.07.1898 година.
__________________ Open mouth, insert foot, echo internationally. |