2-ри Август 1903 - Почна Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт, еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ. За време на востанието се водеа битки кај селото Смилево, демирхисарско, на Слива и на Мечкин Камен, крушевско, кај Карабуница, кичевско, кај селото Арменско, леринско, во Рашанец и кај селото Чаништа, мариовско. 1944 - Во манастирот Свети Прохор Пчински кај Куманово, во присуство на 122 преставници на македонскиот народ е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Македонскиот народ (АСНОМ). На заседанието, во согласност со одлуките на АВНОЈ, е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Притоа АСНОМ е конституирано како највисок законодавен и извршен орган на народната власт на македонскиот народ, а македонскиот јазик е воведен како службен јазик во Македонија. 1991 - Во Скопје излезе првиот број на македонскиот дневен независен весник „Република“. Вториот број излезе на 8.09.1991 година.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |